Рускиот „летачки радар” А-100 стана „проѕирен”

А-100 „Премиер“

А-100 „Премиер“

Global Look Press

Главната предност на перспективниот авион за радарско откривање и команда (ДРЛОиУ) А-100 „Премиер“ е неговата невидливост на радарите. Првиот летачки прототип на овој систем врз основа на најновата модификација на авионот Ил-76 се наоѓа во фаза на тестирање.

„Една од основните предности на системот е неговата невидливост на радарите. За А-100 се направени и усовршени специфични  технологии за производство на противрадарски додатоци со големи размери кои му ја овозможуваат оваа особина“, пишува „Интерфакс”, повикувајќи се на информиран извор.

Карактеристиките на „Премиер“ се наоѓаат под превезот на тајноста, но се знае дека неговите основни борбени параметри (дометот на откривање спектар на воздушни и поморски цели, бројот на објекти кои може истовремено да ги следи, брзината на обработка на информации и испраќање на податоци за целите до средствата за гаѓање) значително се подобрени во споредба со претходниот модел А-50.

„А-100 може да наведува на цели во целиот дијапазон на брзини и височини под услови на силни пречки. Ниту еден друг систем во светот не поседува такви можности“, рече соговорникот на агенцијата.

Првиот лет на лабораторијата врз база на авионот Ил-76 со апаратура на „Премиер“ беше реализиран во ноември 2017 година од аеродромот на авијацискиот научнотехнички центар „Бериев“ во Таганрог, каде што се произведуваат и сервисираат сите руски „летачки радари“. Што се однесува до надворешниот изглед, новиот систем се разликува од А-50 по поголемиот пречник на горниот противрадарски додаток (поради што системот е наречен „авион-печурка“) и по дополнителните антени над пилотската кабина и во опашката на авионот.

Електронската опрема за А-100 (вклучувајќи го и радарот со два дијапазона со фазни антенски решетки) е дизајнирана во концернот „Вега“. Благодарение на специфичниот систем на антени радарот може брзо да го зголемува опсегот на набљудување во посакуваната насока. „Премиерот“ може да детектира ловци на растојание од 600 километри а бродови на 400 километри.

Првите тестирања на новиот „летачки радар“ за Воздушно-космичките сили на Русија поминаа успешно, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Сите системи функционираа регуларно.

Погледнете ја првата видео-снимка со „летечкиот радар“ А-100

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња