Руската армија создаде моќна ударна групација за високопрецизни удари на далечини до 4000 километри

Војници подготвуваат ракета за лансирање на системот „Искандер-М“

Војници подготвуваат ракета за лансирање на системот „Искандер-М“

Дмитриј Рогулин /TASS
Руската армија создаде монолитна групација ракетни единици која е опремена со најмодерни високопрецизни ударни средства кои можат да изведат напади на цели кои се оддалечени и до 4.000 километри.

Единиците кои ќе извршуваат специфични задачи со примена на високопрецизно оружје (рус. ВТО) со голем дострел, како и подготовки на борбени мисии за крстосувачки ракети, станаа интегрален дела од руската армија. Основната задача на овие новокомпонирани борбени состави за изведување високопрецизен удар на големи далечини е напад на цели кои се наоѓаат на растојание до 4.000 километри, изјави во вторникот официјалниот весник „Краснаја звезда“ кој се наоѓа под директно раководство на руското Министерство за одбрана, а пренесува Интернет-порталот ТАСС:

„Во составот на Вооружените сили формиравме орган за командување и група на специјализирани состави кои ќе извршуваат планирани задачи со употреба на високопрецизно оружје со голем дострел, како и подготовка на борбени мисии за крстосувачки групации опремени со високопрецизни ракетни системи кои ќе можат да изведат удари на оддалеченост до 4.000 километри“; пренесува „Краснаја звезда“

Во текстот се споменува дека основата на оваа групација која ќе биде распоредена на стратешки најважните сектори на одбрана како што се Балтичко, Баренцово, Црно и Средоземно море, ќе биде составена од борбени пловила (површински бродови и подморници) кои ќе бидат вооружени со крстосувачки ракети „Калибр“. Исто така, копнената компонента на овие сили ќе биде составена од оперативно-тактичките системи „Искандер-М“ кои во следниот период засилено ќе се испорачуваат на армијата.

Весникот исто така пишува дека за последните шест години е направен значаен квалитативен, но и квантитативен скок кога станува збор за опремувањето на руската армија до оружје со далечен дострел со висока прецизност. „Со здружени напори успеавме вкупното количество на носачи со копнено, морско и воздушно базирање да го зголемиме за 12 пати, а бројот на високопрецизни крстосувачки ракети дури за 30 пати!“, пишува “Краснаја звезда“. Во написот особено се истакнува практичниот борбен опит што руските системи со голем дострел успешно го демонстрираа во Сирија. Тие сите поставени задачи ги извршија максимално ефикасно, при што ја покажаа сета неопходност од поседување на олку „моќни алатки“ кои треба да ги поседува водечката воена сила. Авторите најавуваат понатамошно квалитативно усовршување на вооружувањето од овој тип каде веќе е започнато создавањето високопрецизно оружје од следната генерација.

„Меѓу нив посебно место има високопрецизниот ракетен систем Кинжал кој е вооружен со хиперсонична ракета наменета за уништување копнени и поморски цели, потоа интерконтиненталниот ракетен систем за стратешка намена Сармат кој може да ги нападне целите со употреба на траекторија која води над Северниот, па дури и над Јужниот пол, потоа системот Авангард кој е опремен со планирачки хиперсоничен термонуклеарен крстосувачки блок“, се наведува во текстот што го објави „Краснаја звезда“.

Покрај гореспоменатите системи во развој е и крстосувачка ракета која има нуклеарен мотор, со што практично се добиени неограничени дострели за нејзина примена и се создадени бесконечни шаблони кога станува збор за потенцијалните патеки на нејзиниот лет. Тука е и подводниот беспилотен дрон „Посејдон“ кој може да носе термонукеларна боева глава со супериорна сила (100+ мегатони).

Во текстот се споменува дека новите руски стратешки ракетни системи можат да ги надминат практично сите постоечки контрамерки на непријателот, вклучувајќи ги и перспективните системи за противракетна одбрана (ПРО) кои сè уште не се во функција во војските на водечките земји од светот. Системите за ПРО против вака конципираните руски офанзивни капацитети се едноставно беспомошни, „техничките карактеристики на новите системи овозможуваат употреба на значително поефикасни боеви глави и средства за надминување на системите на непријателската противракетна одбрана. Кога станува збор за нив, ништо не може да ги запре, вклучувајќи ги и перспективните системи за ПРВО“, се наведува во текстот.

Овој весник потсетува дека во последните шест години учеството на современото вооружување и борбената техника кои се составен дел на стратешките нуклеарни сили се зголемени од 31% на 81%. Активно се развива и копнената компонента на стратешките нуклеарни сили, поточно на Руската војска за стратешка намена – РВСН. За нејзиното превооружување и за постојаниот пораст непрекинато се развиваат нови системи, каде посебно се истакнува интерконтиненталниот балистички „титан“ – ракетата РС-28 „Сармат“.

РС-28 „Сармат“ е перспективен ракетен систем со копнено базирање (овие ракети дежураат во подземни силоси) кој е составен од тешки орбитални интерконтинентални ракети на течно гориво кои можат да носат голем број термонуклеарни боеви глави. Работата на овој проект е започната во првата деценија на 21 век, а нејзините главни конструктори на нејзиниот развој се специјалисти од легендарниот „Државен ракетен центар В.П. Макеев“ кој се наоѓа во градот Мијас во Чељабинската област. Оваа ракета е конструирана како замена за исто така легендарниот ракетен систем кој беше главната ударна сила на советската армија Р-36М2 „Воевода“, кој се наоѓа во вооружувањето на РВСН од 1988 година.

На 1 март годинава претседателот на Руската Федерација В.В. Путин во своето обраќање до Федералното собрание истакна дека при тежина која изнесува „рамно“ 200 тони, ракетата „Сармат“ има мошне кратка фаза на полетување што ги оневозможува противничките системи за ПРО да ја соборат за време на искачувањето во орбитата. Според него, дострелот на оваа ракета, потоа количеството и силата на боевите блокови кои се нејзин интегрален дела се поголеми одошто кај нејзиниот претходник ИБР Р-36М2 „Воевода“. Претседателот исто така соопшти дека „Сармат“ ќе биде вооружен со широк спектар нуклеарни боеви глави (вклучувајќи ги и хиперсоничните боеви елементи), како и со најсовремени средства за продор низ сите системи за ПРО. Оваа ракета може да ги напаѓа своите цели, користејќи траектории преку Северниот и Јужниот пол.

Прочитајте повеќе: Доколку Русија биде присилена да се брани, таа ќе биде одбранета!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња