Во Русија прават хиперсонични вежбовни ракети

Константин Чалабов/Sputnik

Во Русија се во тек опитно-конструкторски работи за развој на хиперсонична вежбовна ракета наменета за испитување на новите генерации вооружување, изјави Олга Соколова, генерален директор на НПО „Молнија“.

Стручњаците на НПО „Молнија“ му предложија на Министерството за одбрана на РФ различни опции за развој на вежбовни ракети, имајќи предвид дека воената индустрија на потенцијалните противници не мирува, така што „Армавир“ и „Стриж“ наскоро би можеле да станат надминати, рече Соколова во интервјуто за РИА „Новости“.

„Така настана вежбовната ракета „Гвоздика“. Во моментов ги вршиме опитно-конструкторските работи над таа ракета, што би морало да биде готово во текот на 2019 година, за да може овој проектил да биде воведен во вооружените сили, под нови договори. Значи, се работи за хиперсонична вежбовна ракета со чија помош ќе се тестираат нови оружја“, рече таа.

Таа исто така изјави дека во 2019 година компанијата ќе почне да работи и над мала падобранска мета која би се користела за обука на пилотите од ловечката и јуришната авијација, како и за артилерците на ПВО.

„Таа би се лансирала од земја, би имитирала пламен од моторите на леталата, а цената би била релативно мала“, рече таа.

Сега, според неа, за оваа цел се користи вежбовна ракета која се лансира од авион. Скапа е и небезбедна: авионот мора брзо да го напушти реонот на дејство затоа што врз него набрзо почнува да шпарта огнот од единиците на ПВО кој може случајно да го погоди.

Освен тоа, „Молнија“ ја продолжува работата за развој на домашен модерен суперкомпјутер и негов софтвер. „Огромна соработка е вклучена во оваа работа, вклучувајќи ги ИНЕУМ „Брука“, АД „МЦСТ“, АД „Информационо-сателитски системи Решетнев“ и други“, соопшти Соколова.

Таа објасни дека целта на проектот е целиот циклус на развој и производство на домашно вооружување  во целост да се ориентира кон домашна опрема, почнувајќи од истражувањата и развојот, преку правењето прототипи и нивно тестирање, до сериското производство за војската.

„Ќе почнеме со вежбовни ракети, а потоа ќе ги понудиме овие решенија на целата руска индустрија. Морам да кажам дека веќе постојат сериозни резултати во овој правец, но засега нема да обелоденувам детали“, истакна таа.

Според мислењето на Соколова, за производството на овој продукт ќе може да се зборува по пет години.

Таа исто така кажа дека за изработка на топлотната заштита за перспективното вселенско летало „Федерација“ се користени достигнувањата на вселенскиот шатл „Буран“.

Прочитајте повеќе: Пристигнува најновата руска противоклопна ракета „Монолит“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња