Производителите проговорија за новите типови муниција кои ќе влезат во употреба во руската војска. Меѓу нив е и воздухопловната ракета „Монолит“.
Во интервју за ТВ-каналот „Ѕвезда“ генералниот директор на НПК „Техмаш“ при државната корпорација „Ростех“ Владимир Лепин зборуваше за развојот на ракетата „Монолит“ со калибар 130 мм.
„Ова е продолжението на работите над „дупчалото на оклопи“, само во поинаков калибар. Очигледно е дека овде се работи за различни дострели, поинаква ефикасност“, објасни Лепин. Главната задача на производителот е да ги исполни новите барања, но по цена која нема да биде поголема од неговиот претходник.
Исто така, тој изјави дека веќе на почетокот на 2019 година новата противоклопна ракета би можела да стигне до пилотите во соодветните единици. Се карактеризира со поголем дострел, фрагментацискиот ефект, како и со поголема пробојна моќ овозможена од специјална запалка.
Ефикасноста на новата артилериска муниција што ја развива руската војска исто така се зголемува. Според Лепин, акцентот е на нивната прецизност.
„Денес поставуваме тактичко-технички барања за прецизен артилериски проектил со калибар 152 мм кој во почетната фаза ќе се движи по балистичката траекторија, а на приоѓањето до метата благодарение на сопствениот контролен систем ќе може да ја коригира прецизноста на дејството врз тенкот или некоја друга мета што ќе ја одреди командирот“, рече тој.
Ваква прецизност не е лесно да се постигне кога проектилот ротира со брзина од 30000 вртежи и поминува големи растојанија. Меѓутоа, научниците веќе знаат како технички да го решат проблемот и следната година ќе почнат со тестирања.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче