Сајтот News.com.au пишува дека видеоснимката што ја објави Министерството за одбрана на Русија е „експлозивен материјал“, демонстрација на сила со која ништо не може да се мери. Противракетниот систем е наменет за одбрана на Москва од ракетен напад.
Вишиот аналитичар во сферата на стратешкиот одбранбен потенцијал на Австралискиот институт за стратешка политика доктор Малколм Дејвис тврди дека тестирањето на оваа ракета многу го загрижило Западот. Таквите противракетни системи сериозно ја усложнуваат можноста на западните земји да извршат ракетни и воздушни напади.
Во текстот исто така стои дека ваквите руски системи можат сериозно да им се спротивстават на САД и на силите на НАТО, а идејата дека некој прв може да ја нападне Русија станува бесмислена.
Модернизираната противракета на системот за противвоздушна одбрана беше лансирана од казахстанскиот полигон Сари Шаган и ја погоди условната цел. Противракетата ќе ја штити Москва и централната индустриска област на Русија од ракетни напади. Засега за неа се знае малку, но се појави информација дека развива брзина од над 5,5 километри во секунда.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче