Руската армија воведе во вооружување „светски рекордер“ кога се во прашање системите за ПВО

Слободан Ѓукиќ
Ракетата со екстремно голем дострел 40Н6 согласно потпишаните договори во септември овој месец почна да им се испорачува на единиците за ПВО опремени со системите С-400 „Триумф“. Обезбедени се финансиски средства за набавка на неколку илјади вакви ракети.

„Сите неопходни документи се потпишани минатиот месец и Министерството за одбрана почна со набавка на овие ракети“, истакна за ТАСС извор од воено-индустрискиот комплекс, пренесува интернет порталот РГ.

За опремување на оперативните противвоздушни ракетни полкови, како и на оние кои допрва треба да се воведат во формацискиот состав на руската армија, се планира набавка на повеќе илјади вакви ракети. Соговорникот на агенцијата напоменува дека државните планови за опремување на војската подразбираат опремување 56 дивизиони кои ќе бидат опремени со ракетните системи С-400 „Триумф“.

Ракетата со голем дострел 40Н6 е наменета за пресретнување и уништување на широк спектар на воздухопловни цели на далечини до 400 км. На тестирањето на оваа ракета одржано во мај годинава беше соборен светскиот рекорд во далечина на пресретнување на воздушна цел која се наоѓаше на оддалеченост од 480 км од лансирната единица. Стартната маса на ракетата достигнува 1800 кг а просечната брзина на нејзиниот лет е поголема од 1000 м/сек. Времето на подготовка за нејзино лансирање изнесува 15 секунди. Ракетата е проектирана на начин да може многу ефикасно да се употреби во услови на масовно противелектронско дејство на непријателот – нејзината моќна радарска глава за самонаведување е способна да ја зафати целта без оглед на губењето на врската со копнените станици за наведување на ракетата.

Тестирањето на оваа ракета успешно заврши во јуни годинава. Оваа ракета е специјално проектирана да се бори против воздушни летала кои се користат за радарско набљудување (AWACS) кои се клучни во наведувањето на ловечката авијација од петта генерација (F-22 и F-35) и без чија асистенција истите стануваат „глинени гулаби“ во воздухот. Исто така, ракетата 40Н6 е наменета за уништување на авиоцистерни во лет кои се исклучително важен елемент во изведувањето комплексни воздушни операции.

Прочитајте повеќе: Русите ја тестираа најновата ракета-пресретнувач која лета со брзина од 4000 м/сек.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња