Најавено потпишување на договор за основање на нуклеарен центар на „Росатом” во Србија

Reuters

Договорот за основање на нуклеарен центар во Србија веројатно ќе биде потпишан во јануари при посетата на претседателот на Русија на Белград, соопшти потпретседателот на руската влада Јуриј Борисов, одговарајќи на прашање на агенцијата „Интерфакс”.

„Сметаме дека подготовката на овој договор е во завршна фаза. Се надеваме дека при посетата на нашиот претседател многу веројатно ќе биде потпишан“, изјави Борисов за новинарите во петокот по состанокот во Белград со првиот потпретседател на владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

„Тоа е нова страница во нашите односи”, соопшти рускиот потпретседател на владата. Според него, преговорите со српската страна ги водел заменик-директорот на „Росатом” Николај Спаски.

„Ако зборуваме за содржината на соработката, тоа е соработка во сферата на нуклеарната енергија за мирнодопски цели, како и во сферата на користење на изотопи од руско производство во медицинските истражувања и медицинската дијагностика на територијата на Србија“, изјави Борисов.

„Росатом” соопшти дека заменик-директорот на корпорацијата Николај Спаски на 23 октомври во Белград имал состанок со претседателот на Србија Александар Вучиќ. „Спаски детално го информираше претседателот на Србија за тоа како се одвива подготовката за почетокот на соработката меѓу двете земји во сферата на мирнодопското користење на нуклеарната енергија. Двете страни изразија увереност дека важечкиот мораториум над развојот на нуклеарната енергетика во Србија не претставува пречка за соработка“, соопшти „Росатом”. 

Како приоритет се разгледува проектот за основање на центар за нуклеарна наука и технологија во Србија врз основа на истражувачки реактор од руска конструкција.  

На почетокот на октомври „Росатом” ја повика Србија да учествува во проектот за истражувачки реактор МБИР. „Ја користам можноста со огромно задоволство да го повикам господинот Поповиќ (Ненад Поповиќ, министер на Србија за иновации и технолошки развој) да се приклучи на нашиот меѓународен проект за брз истражувачки реактор, проектот МБИР. Тоа е пример како луѓето од различни земји работат на реактори од четврта генерација“, изјави директорот на корпорацијата Алексеј Лихачов на „Руската енергетска недела” во Москва.

Поповиќ истакна дека во Србија постои мораториум на изградба на нуклеарни електрани, но не и на истражувања. „Мислам дека со „Росато“ ќе се вратиме на овој пазар, посебно што се однесува на истражувањата”, рече Поповиќ, додавајќи дека се работи за нуклеарна медицина и користење на нуклеарните технологии во агроиндустријата.

Прочитајте повеќе: Русија ја спушти во вода единствената лебдечка нуклеарна електрана

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња