Руските средства за радиоелектронска борба го контролираат небото

Систем „Красуха“.

Систем „Красуха“.

Press-photo
Средствата за радиоелектронска борба според ефикасноста воопшто не заостануваат зад летачкото оружје, со тоа што за разлика од топовите и од ракетите тие не погодуваат непријателска жива сила и техника, ами го погодуваат неговиот „нервен систем“, односно неговите средства за управување, наведување и извидување.

Ударот нанесен со помош на средствата за радиоелектронска борба (РЕБ) може одеднаш да му ги одземе на непријателот сите можности за водење борбени дејствија, односно да ја онеспособи неговата електроника, да ги исклучи електричните инсталации, да ги заслепи радарите и да го оневозможи движењето на воените авиони и на борбените бродови. На овој начин современиот вооружен конфликт добива нова димензија, односно не се одвива само на земјата, во воздухот и во водата, ами и во сферата на радиобрановите.

Русија денес е една од водечките земји во светот во областа на развојот и на примената на средства за РЕБ, иако пред само дваесет години на ова поле доста заостануваше зад другите земји. Според оценките на експертите, руските средства за РЕБ, вградени во леталата, денес по ништо не заостануваат зад американските, а копнените станици за радиолектронска борба кои ги користи руската армија можат да претендираат за статусот најдобри на светот.

„Хибини“ и „Красуха“

Системот за радиоелектронска борба „Хибини“ се поставува на сите руски воени авиони. Однадвор гледано тоа се неколку контејнери со електроника кои се прицврстуваат на крилјата, но благодарение на нив леталото станува моќна борбена единица. „Хибини“ во целост го деформира сигналот што непријателскиот радар од земја или од авион го насочува кон леталото. Последица од оваа операција за изворот на радиосигналот можат да бидат мошне сериозни: од деформација на сигналот до негова целосна блокада.

Извор: Михаил Воскресенскиј / РИА НовостиИзвор: Михаил Воскресенски / РИА Новости

Постојат неколку модели копнени станици за РЕБ. Меѓу нив најинтересен е системот за радиоелектронска борба „Красуха-4“. Во арсеналот на руската армија овој систем се појави во 2012 година. „Красуха“ овозможува блокада практично на сите радиосигнали во радиус од 300 километри. Таа може да ја уништи активноста на авионот од типот „Авакс“, на беспилотно летало, па дури и на шпионски сателит, а може и да ја блокира работата на сите непријателски средства за радиоелектронска борба. Од октомври 2015 година овој систем е поставен и на руската воздухопловна база Хмејмим во Сирија.

Развој на радиоелектронското оружје

Руската војска за првпат го применила радиоелектронското оружје веројатно уште на почетокот на 20 век. Имено, во 1904 година руските радисти започнале да прават пречки на јапонските станици кои го коригирале артилерискиот оган за време на нападот на Порт Артур. Темелите на современите руски системи за РЕБ се поставени за време на Втората светска војна, кога е донесена одлука за формирање специјална единица која ќе се занимава со попречување на функционирањето на германските радиостаници. Припадниците на оваа единица поставувале опрема во појас со оддалеченост од 20 километри од линијата на фронтот и оваа опрема е активно користена за попречување на радиобрановите и за дезинформирање на противникот.

Порт Артур, 1904. Илустрација: РИА НовостиПорт Артур, 1904. Илустрација: РИА Новости

По војната единиците за радиоелектронска борба биле реформирани, но само пет години подоцна биле повторно формирани, зашто Корејската војна покажала колку се тие потребни во услови на современото војување. Во Виетнам американската авијација освен отпорот на противвозудшната одбрана на локалните комунистички сили се соочила и со советските радари кои сериозно ги отежнувале нејзините дејствија.

Дури во постсооветскиот период средствата за РЕБ се претворени во самостоен вид вооружување кој добил своја сопствена производна база. На почетокот со развој на овој вид оружје се занимавале претпријатијата кои произведуваа средства за противвоздушна одбрана, на пример „Алмаз-Антеј“, а од 2009 година индустриската инфраструктура за средства за РЕБ е концентрирана во системот на концернот „Радиоелектронски технологии“. Во периодот од 2009 до 2020 година колективот на ова претпријатие спроведува комплетна модернизација на средствата за радиоелектронска борба во руската армија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња