Ми-171Ш-ВН
„Вертолёты России“„Улан-уденската фабрика за авиони, која припаѓа на холдингот „Хеликоптери на Русија“ (Вертолёты России) го направи првиот пробен примерок на модернизираниот военотранспортен хеликоптер Ми-171Ш. Планирано е ова летало да се испрати во Московската фабрика за хеликоптери по изложбата на хеликоптери HeliRussia-2018, каде моделот ќе биде изложен во статичната експозиција на оваа компанија“, се вели во соопштението.
Според податоците кои ги изнесува холдингот, новиот хеликоптер има мотор со подобрени карактеристики во поглед на работата во климатски услови на големи висини, а го карактеризира и новата конструкција на елисата. Благодарение на композитните материјали од кои се направени лопатките на главниот ротор со новиот профил и роторот на опашката во облик на буквата Х, брзината на движење на овој хеликоптер е зголемена на 260 км/ч, а максималната брзина на 280 км/ч. Исто така е зголемена и отпорноста на хеликоптерот во текот на изведувањето на борбени операции. Леталото е опремено со системот за заштита „Президент-С“ кој автоматски препознава ракета истрелана во правец на хеликоптерот, прави пречки на нејзината глава за наведување и исфрла лажни топлотни мамки.
„Кога во 2017 година на меѓународната изложба МАКС-2017 го претставивме прототипот на модернизираниот Ми-171Ш, статичната експозиција ја посетија преку 70 странски делегации. Интересот за овој модел е многу голем. Поради тоа планираме веќе наредната година да добиеме готов хеликоптер кој ќе го понудиме на нарачателите“, се цитираат во соопштението зборовите на Андреј Богински, генерален директор на компанијата „Хеликоптери на Русија“.
Модернизацијата се однесува и на вооружувањето. Покрај стрелечко-топовското вооружување и ненаведуваните ракети и бомби со различен калибар, хеликоптерот е опремен и со систем за наведувано ракетно оружје и со систем за набљудување и нишанење, велат од информативната служба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче