Видео: Руска ракета успешно го постави во орбитата европскиот сателит „MetOp-C“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Руската ракета-носач „Сојуз-СТ“, која е лансирана од космодромот Куру во Француска Гвајана, успешно го постави во орбитата сателитот MetOp-C. Преносот на лансирањето во живо беше емитуван на сајтот на компанијата Arianespace на која ѝ припаѓа наведениот космодром.

Сателитот е поставен во Земјината орбита во 04:47 часот по московско време.

Генералниот директор на државната корпорација „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин изјави дека е воспоставена контрола над сателитот „MetOp-C“.

„Ракетата и фрегатата функционираа според планот“, додаде тој.

Претходно од космодромот Куру беше лансирана ракета „Сојуз-СТ“ со сателит „MetOp-C“ кој ѝ припаѓа на Европската организација за метеоролошки сателити.

Прочитајте повеќе: Ракетата „Сојуз-5“ ќе има комерцијална и верзија со екипаж