Русија ќе ѝ испорача на Кина најсовремена борбена техника во склад со договорените рокови

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Сите договори со нашите партнери од НР Кина ќе бидат реализирани навреме. Во тек е завршното комплетирање на две извозни ескадрили ловци Су-35 од генерацијата 4++, како и противвоздушните ракетни системи С-400 „Триумф“ кои наскоро ќе го бранат кинескиот воздушен простор.

Русија во планираните рокови ќе го реализира својот дел од работата кога е во прашање исполнување на договорот потпишан со НР Кина, а кој подразбира испорака на две ескадрили ловци Су-35 од генерацијата 4++ (24 апарати) како и ракетни системи за противвоздушна одбрана С-400 „Триумф“. Ова за информативниот портал РИА „Новости“ го изјави Виктор Кладов, раководител на меѓународната делегација на корпорацијата „Ростех“ која учествува на големиот саем за оружје и воена техника во кинескиот град Џухај.

Договорот за испорака на 24 борбени апарати Су-35 беше потпишан 2015 година, а рокот за негова реализација истекува наредната, 2019 година. Што се однесува до набавката на ракетните ПВО-системи С-400 „Триумф“, договор исто така беше потпишан истата година, со тоа што рокот за негова реализација е малку подолг и истекува 2020 година.

„Сѐ оди според планот и во склад со поставените рокови. Сите договори ќе бидат реализирани навреме“, истакна Кладов.

Тој исто така напомена дека новите ловци Су-35 предизвикале извонредна реакција кај кинеските пилоти кои едноставно се вљубиле во тој авион. „Тој има извонредни тактичко-технички карактеристики, висока маневарбилност со истовремена леснотија на управувањето. Накратко, ние ја обожуваме таа машина. И се гордееме со неа“, рече Кладов.

Прочитајте повеќе: Министерството за одбрана на РФ објави податоци за бројот на ловци Су-35 во руското воздухопловство