Ракетата „Сојуз-5“ ќе има комерцијална и верзија со екипаж

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Ракетата „Сојуз-5“, која во моментов е во фаза на развој во Русија, ќе биде достапна во две верзии – едната за патувања со екипаж и втората, поедноставна и поевтина верзија, за комерцијални лансирања со полезен товар, изјави директорот на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин за РИА „Новости“.

„Работата на ракетата „Сојуз-5“ ќе биде извршена во две варијанти. Од една страна, РКК „Енергија“ прави ракета за ново летало со екипаж... Втората верзија на оваа ракета е покомерцијална и полесна и на неа работи S7. Тие врз основа на решението за „Сојуз-5“ прават ракета со помала комплексност и помала издржливост и таа ќе биде поевтина. Ќе може и да се лансира од морски платформи“, рече Рогозин.

Тој потсети дека првиот лет на верзијата со екипаж е закажан за 2022, а во 2023 година новото вселенско летало „Федерација“, со помош на „Сојуз-5“ ќе биде испратено во вселената.

Претходно руската приватна космичка компанија „S7 Space“ ги критикуваше големите трошоци за производство на оваа ракета, како и прибегнување кон надминатите технологии. Освен тоа, во септември во S7 премина Игор Радугин кој претходно во ракетно-космичката корпорација (РКК) „Енергија“ имаше функција на главен конструктор за лансирни и летечки технологии за „Сојуз-5“.

Прочитајте повеќе: Русија ќе лансира сателит од мобилен ракетен лансер