Русија го достави во Калининградската област најновиот систем за противелектронска борба „Самарканд“

Слободан Ѓукиќ
Според последните информации, Русија распоредила 13 вакви системи на стратешки најважните правци преку кои може да се загрози територијата на Руската Федерација.

Министерството за одбрана на Руската Федерација распореди нови системи за противелектронска борба „Самарканд“ во Калининградската област, како и на други стратешки важни одбранбени правци. Овие информации се објавени на сајтот за државни набавки, пренесува информативниот портал regnum.ru.

Според овие информации, вкупно се распоредени 13 единици на системот за противелектронска борба „Самарканд“ на различини стратешки одбранбени правци. Така, три единици од овие системи се распоредени на просторот на Северозападниот федерален округ, поточно во Калининградската, Архангелската и Мурманската област.

Останатите девет единици на новиот систем за противелектронска борба „Самарканд“ се распоредени во околината на Москва, Нижни Новгород, Краснодарскиот и Приоморскиот крај, вклучувајќи ја и Еврејската автономна област на Далечниот Исток, но и на територијата на Белорусија.

Новите системи за противелектронска борба „Самарканд“ и „Свет“ уште во 2017 година влегоа во вооружувањето на Северната флота на ВМФ на Русија каде се интегрирани на површинските воени бродови.

Инаку се работи за систем кој се наоѓа под „превезот“ на тајната, поточно за него нема достапи податоци на интернет сервисите кои би ја опишале неговата намена и основните карактеристики. Руската војска никогаш нема прикажано ни фотографија од овој систем, так што сите информации се ограничени на тоа дека станува збор за противелектронски борбен систем. 

Прочитајте повеќе: Да се заслепи и поништи: Топ 5 руски системи за радиоелектронска борба

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња