Електричната пушка РЕКС 1 што ја направија руските научници може да пружи непробојна заштита против дронови. Компактното електронско оружје беше претставено на 12 меѓународен саем „Интерполитех 2018“ што се одржа во Москва.
Борбите во Сирија и Ирак покажаа дека дури и малите дронови можат да претставуваат сериозна опасност за трупите и цивилите.
Со нивна помош терористите добиваат разузнавачки податоци кои им овозможуваат да вршат ненадејни напади врз одбранбените позиции и транспортните комуникации.
Дроновите можат и да го коригираат огнот на артилеријата и ракетните лансери.
Исто така, милитантите на терористичката група ИСИЛ успеаја да ги претворат комерцијалните квадкоптери во вистински мали бомбардери. Со нив врз припадниците на владините сили и нивната опрема и возила фрлаа мали експлозивни направи.
На пример, во Ирак мали рачно правени бомби се фрлани од дронови врз тенкови „Абрамс“ и со нив се уништувани и оклопни теренци „Хамер“. Во Сирија по еден таков напад целосно беше уништен голем склад за муниција на стадионот во Деир ез Зор.
Тактиката на терористите е усвоена и во украинската војска. Мали дронови ги бомбардираа одбранбените позиции на вооружените сили на непризнените републики во Донбас.
Поради сето ова одбраната од такви напади сега е многу важна.
РЕКС 1 е во состојба успешно да ги блокира комуникациските канали, односно контролниот проток на податоците со дронот на растојанија до 500 метри. Радиусот на неутрализација на сателитската навигација на дронот достигнува 2000 метри. Резултат на тоа е што дроновите едноставно се принудени да слетаат, по што стануваат трофеи на оние во чии раце ќе паднат.
За онеспособување на оптоелектронските уреди на дроновите тука е ласерот. Во состојба е непрекинато да дејствува три часа.
Ова средство за електронско војување е релативно компактно, должината му е само 700 мм, а масата 4,5 кг. Не му пречат температури од минус 40 и плус 50 степени Целзиусови.
Во моментов РЕКС 1 според зборовите на стручњаците се смета за најнапредното анти-дрон средство во својата класа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче