На XXII Меѓународен саем на оружје и воена опрема „Интерполитех-2018“ домашните и странските компании претставија различни средства за индивидуална заштита од стрелечко вооружување и фрагменти од експлозија. Посетителите кои го посетија овој саем можеа да ги видат најновите развојни проекти во сферата на балистичката заштита од различна класа, наменета за воените и полициски единици, како и за цивилните структури-граѓани. Тука се претставени бројни новитети кои се состоеја од панцирни елеци и балистички плочи со различни димензии и класа на заштита, балистички шлемови, разновидна тактичка опреме итн.
Сепак, вниманието на посетителите го привлече моделот на тактички шорц „ШТ“ кој во себе има балистичка заштита. Според зборовите на производителот овој модел на тактичка опрема има функција да обезбеди дополнителна заштита на генитално-бедрената зона од фрагменти на експлозија. Во шорцот можат да се постават дополнителни балистички штитници, а тој може да биде и дополнителен дел на костимот што го носат инженерците-извидувачите.
Како што објаснуваат специјалистите, идејата за ваков тип на тактичка облека е производ на насобраните искуства од голем број воени конфликти. Имено, на фронтот секојдневно се случува висок процент на војници ранети во долните екстремитети да искрвават и починат поради повреда на бедрената артерија. Токму ова парче тактичка опрема со балистичка заштита е направено да спречи фатални повреди кои можат да се здобијат во пределот на препоните и натколеницата.
Во комплет со елементите на балистичка заштита кои ги штитат останатите делови на телото ова парче опрема ќе помогне за подигање на самодовербата и фокусирање на нејзините корисници на фронтот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче