Што ќе му е егзоскелет на „Ратник“?

Слободан Ѓукиќ
Како руските научници успеаја да совладаат бројни препреки во развојот на во егзоскелет.

Неколку земји се обидоа да развијат солиден сет опрема за војникот од иднината кој би опфаќал и егзоскелет, но токму руските научници први успеаја да решат цела низа клучни проблеми благодарение на кои нивниот производ може да функционира во речиси сите услови. За тоа како функционира овој уникатен систем и како ќе се изменат копнените борбени дејствија извести телевизискиот канал „Звезда“.

Специјалната опрема одамна го мина патот од скап луксуз до основна потреба која претставува главна потпорa на единиците. Ваквата опрема отсекогаш е предмет на голема побарувачка зашто борбените задачи можат да се одвиваат насекаде, од Арктикот до жешките пустини.

Од екран до војската

Долго време егзоскелетите се сметаа како нешто егзотично, недостижно, а најчесто како непотребен вишок за пешадијата. Но, математичките пресметки за потрошувачката на енергија покажаа дека со помош на механичко-хидрауличните системи би можело секој војник да се претвори во универзален борец, способен истовремено да биде митралезец, санитар или војник за врска.

Првите вакви одела за војската кои се појавија во седумдесеттите години од минатиот век како експериментални креации, повеќе делуваа како нешто инспирирано од научно-фантастичните филмови. Како погон наместо струја се користеше гориво, понекогаш авионско, а понекогаш дизел. Синхронизацијата на работа на горните делови на телото со долните се доби дури со појавата на компјутерски системи со високи перформанси и минијатурни сензори.

По неколку неуспешни прототипи научниците постепено го напуштија коцептот на употреба на разновидни системи и се сосредоточија на таканаречениот пасивен егзоскелет – транспортен систем на хидрауличен погон и цврстина од разни метали, легури од метал и полимери со кои истовремено се намалуваше и товарот што го носи корисникот. До неодамна еден од најпознатите комплети дополнителна опрема од овој тип беше американскиот егзоскелет „Хулк“ (HULC – HumanUniversalLoadCarrier), што го разви фирма „EksoBionics“. Но, иако на прв поглед делуваше како револуционерен изум, „Хулк“ не најде свое место во војската. Со анализа на транспортните капацитети, индикатори на ефикасноста, оптоварувањето на мускулите и други показатели што ги разгледуваше војската, се покажа дека производот едноставно не е вреден за својата цена – со него оптоварувањето на корисникот по цена на енормни трошоци се намали за само 5 до 7 отсто.

Од човек до робот

Проширувањето на борбените способности на копнените сили отсекогаш изискувало голема потрошувачка на енергија. Така и првите експерименти со употреба на електрична енергија во овој контекст ги разочара научниците. Полнењето на никл-метал-хидридни и литиум-јонски батерии – инаку најчест вид уреди за складирање енергија денес – беше исцрпено по само пет до десет минути работа со стотина килограми товар. Притоа масата на батеријата за егзоскелетот изнесуваше една четвртина од вкупната маса на системот, што овој првобитно мобилен систем го претвори во речиси недвижнина. Први кои на овој начин удрија во ќор-сокак беа американските научници: сетот ХОЅ (се мисли на егзоскелетот кој е прототип на американската компанија Саркос – заб. прев.) што го разви Рејтион можеше ефикасно да функционира само со надворешно напојување, а демонстрациите со учество на холивудски глумци не успеваа.

Експертите заклучуваат дека за долгорочно сигурно користење на уредите од овој тип потребни се сосема други средства за складирање енергија, а нивниот развој станува можен дури со неодамнешното откривање нови материјали.

„Едно од решенијата може да биде графенот. На пример, во план е во блиска иднина со негова помош да се направи супербатерија со капацитет од 10-12 киловат часови. Доколку оваа технологија профункционира со помош на државни и воени финансии, тогаш ќе биде можно да се дуплира оваа цифра, што во целост ќе ги исполни сегашните барања на вооружените сили“, вели докторот по машинство Николај Луженко, специјалист за системи за одржување на животот.

Банките на енергија од овој тип имаат бројни предности во однос на литиум-јонските батерии: се полнат многу побргу, задржуваат во складот енергија поефикасно и во целина гледано се структурно посигурни. Но, постои и една критична мана – доколку батеријата не егзоскелетот од 20 киловати ја погоди куршум или шрапнел, може да се случи експлозија која се споредува со онаа од артилериска граната.

Друго решение на проблемот би можело да биде мала портабл гасна турбина сместена во оклопна чаура: ваков костим со сопствен генератор би можел да стане моќно средство со чија помош на пример, двајца техничари би можеле да постават бомби и ракети на авиони, да градат фортификации и воопшто да извршуваат каква било задача која бара големи физички напори. Масата на таквата инсталација, судејќи според експертите, нема да надминува 18-20 килограми, а траењето на работата, во зависност од задачата, би изнесувало од 24 до 48 часа.

Борбен товар

Но, важно е да се разбере дека правењето егзоскелет за работа во борбени услови и за работа во сигурна средина не е иста работа, Руските научници и руската индустрија направија особени успеси во развојот на борбена опрема која би го олеснувала исполнувањето на борбените задачи. На форумот „Армија 2018“ претставниците на државната корпорација „Ростех“ покажаа електрични мотори за активни егзоскелети кои веќе на моменталниот стадиум ќе овозможат големи олеснувања во работата на единиците на боиштето. Главниот дизајнер на системот за одржување во живот во борбените системи при Централниот истражувачки институт на вооружените сили Олег Фаустов рече дека оваа опрема на испитувањата му овозможила на корисникот со едната рака да пука од митралез и прецизно да ги погодува метите.

Егзоскелетите од овој вид драстично ќе ја зголемат способноста на специјалните единици на боиштето: масата пренослива опрема – оружје, системи за комуникации, муниција и помошна опрема – ќе се зголеми од 50 на 100, па дури и на 150 килограми. Уникатните технички решенија би можеле да се појават во третата итерација на сетот воена опрема „Ратник“: според директорот на кластерот „Оружје“ дел од државната компанија „Ростех“ Сергеј Абрамов, руските научници завршиле со истражувањата за проектот „Ратник 3“ во 2017, а во 2019 година ќе започна со работа над прототипите.

Порастот на интересот за системите од овој тип не е случајност: најдобрите научници од областа на развојот на системот за копнените сили ќе создадат универзален сет опрема, при што едно од главните барања нема да биде само технолошката софистицираност, ами и сигурноста во сите климатски услови.

„Доколку зборуваме за електрониката, не смее да се заборави дека климатскиот дијапазон на нашата земја температурно варира од плус 50 до минус 50 степени Целзиусови. Во овој распон на услови сѐ мора да функционира“, вели во интервју за „Звезда“ воениот експерт Сергеј Иванов.

Според полковникот Александар Ромањута, претседавач на воено-научниот комитет на Копнените сили, сетот опрема „Ратник 3“ ќе им биде достапен на единиците во 2025 година. Експертите од областа на системите за поддршка на живот истакнуваат дека третата верзија на „Ратник“ воочливо ќе се разликува од првите два сета кои веќе минаа цел круг воени тестирања и влегоа во оперативна употреба.

Сетот борбена опрема ќе се состои од неколку системи: за совладување на противникот, за заштита, за контрола и комуникација, за поддршка на животот и снабдување со енергија, и други што во целост ќе ги исполнат барањата за опрема на војникот од иднината. Модуларноста ќе овозможи монтирање оклоп во зависност од видот на единицата и нивната задача, системот за рециклирање ќе овозможи намалување на димензиите на пренослива електроника, а самиот егзоскелет ќе овозможи дуплирање на опремата, што на војниците ќе им овозможи извршување на своите задачи со максимална слобода на дејствување.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња