Руската армија ќе создаде суперефикасна логистика за ремонт на вооружувањето и воената техника

Новите знаења и вештини ќе ги забрзаат ремонтот и модернизацијата на сложената борбена техника

Новите знаења и вештини ќе ги забрзаат ремонтот и модернизацијата на сложената борбена техника

Слободан Ѓукиќ
Технолошкото осовременување на школските центри и централните ремонтни заводи со најнови виртуелни тренажер радикално ќе ги скрати ремонтот и модернизацијата на вооружувањето и борбената техника и ќе го подигне квалитетот во изведувањето на најсложените технички операции.

Корпорацијата „Проект-техника“ успеа да направи тренажер кој ќе овозможи специјалистичка обука за ремонт на вооружувањето со помош на технологијата за виртуелна реалност, ги пренесува информативниот портал РИА „Новости“ зборовите на информативната служба на оваа корпорација.

 „Обединетите инженериски знаења кои ги собра корпорацијата „Проект-техника“ од сферата на техничкото обезбедување и ремонтот на вооружувањето се интегрирани со новата 3-димензионална технологија која во себе содржи елементи на виртуелна реалност, што овозможи конструирање на еден ваков тренажер од нова генерација специјализиран за обука на персоналот кој работи на ремонтот на вооружувањето и воената техника. Сето тоа ќе обезбеди зголемување на техничката оспособеност и квалитетот на специјалистите кои работат на овие работи“, истакнуваат од корпорацијата.

Тие потсетуваат дека новата генерација тренажери со виртуелна реалност овозможува креирање на ситуации кои се максимално приближени на реалноста. „Резултат на сето ова е специјалистот кој се усовршува на овој тренажер за максимално време да добие максимум високовредно практично искуство благодарение на тнр. тактилна меморија (учење преку допир). Реалистичноста на опкружувањето кое го креира овој тренажер е на исклучително високо ниво, каде предметот на техничката операција (моделот на вооружување или борбена техника) е прикажан до најситни детали“, прецизираат од корпорацијата.

Првиот човек на ИТ-секторот во рамките на корпорацијата „Проект-техника“ Татјана Мосенз истакнува дека развојните инженери на оваа корпорација развиле сопствена технологија на изработка на виртуелни тренажери за многу изискувачките технички професии. „Во основата на оваа технологија се наоѓа база на податоци која ги опфати практично сите технички операции во секторот кој го покрива ремонтот на вооружувањето и воената техника. Врз основа на деталната есплоатациска и ремонтна документација која ја добивме од ремонтните заводи, нашите инженери развија виртуелна програма и направија огромен број различни сценарија. Основните задачи на овие сценарија е на едноставен и брз начин да се совладаат најсложените технички операции со кои се соочуваат специјалистите на овој сектор, подигајќи ги нивните знаења и навики на далеку повисоко ниво. Во целиот процес на изработка на овие сценарија покрај инженери за програмирање учествуваа и графички дизајнери заради создавање на максимална реалистичност која во овој случај е исклучително важна ставка“, истакна таа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња