Револуција на војувањето: „Калашников“ објави видео од тестирање на „паметен“ борбен модул

Виталиј Белоусов/Sputnik
Сите напредни елементи кои се обединети во склоп на системот за управување со огнот се проткаени со невронска мрежа на „вештачка интелигенција“ која на операторот практично „како на тацна“ му ја сервираат целта. Негово е само да изврши повлекување на „чкрапалото“ од својот управувачки пункт што се наоѓа далеку од линијата на огнот.

„Тој функционира во режим на далечински управуван модул, каде операторот има контрола над уредот за препознавање на цели и нивно озрачување, потоа со уредот кој може да следи копнени, воздушни и поморски цели, и контрола над балистичкиот компјутер. Притоа целиот комплекс е жиростабилизиран, што овозможува ефикасно дејство во текот на движењето, преку оптоелектронскиот двоканален блок кој му дозволува на роботот да дејствува во сите метето услови, дење и ноќе“, соопштува информативната служба на концернот „Калашников“, а пренесува „Взгљад“.

Борбениот модул може успешно да дејствува и без присуство на човек-оператор. Интеграцијата на готовите елементи за управување кои имаат својства на тнр. вештачка интелигенција ќе му овозможи на роботот самостојно да ја открие и препознае својата цел и да издаде наредба целта да се следи автоматски. Тој, според сѐ, нема да може без дозвола на операторот да изврши „повлекување на чкрапалото“, т.е. огнено дејство врз целта. Неговата главна задача е да го одработи најтешкиот дел од работата и да ја „сервира“ целта на дисплејот, по што конечната одлука за употреба на огненото оружје ја има операторот.

„Вештачката интелигенција е направена врз база на вештачка невронска мрежа и може самостојно да го крева нивото на своите способности во текот на работата. На видеоматеријалот е претставен еден од режимите на работа на роботот, во кој боевата станица го скенира секторот на оперативниот простор, препознава потенцијално опасни објекти, врши селекција на објектите човек/машина, врши математичка пресметка со кој тип на вооружување и со колкава количина муниција е доволно да се уништи зафатената цел“, објаснуваат од концернот.

Благодарение на напредните технологии кои се базираат на „вештачка“ интелигенција, роботот може самостојно да издвои мети со висок приоритет во однос на метите со низок приоритет, или безопасни мети како што се животни итн. „Блокот“ „вештачка“ интелигенција интегриран со уредот за автоматско следење на целите е компатибилен со сите борбени модули кои досега ги има развиено „Калашников“.

Деновиве информативната служба на концернот ѝ го претстави на јавноста новиот пакет воена униформа и опрема за дејство на специјалните единици во екстремни временски услови како што е Арктикот. Во август концернот „Калашников“ го претстави својот беспилотен тактички комплекс ZALA 421-16E5V2 кој се состои од дрон со временски продолжена автономија на летање.

Погледнете го видеото: Прикажани кадри со употреба на борбениот робот „Нерехта“ во содејство со пешадија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња