Проект „Штурм“: Приоритет на руската армија е етапна роботизација на нејзините оклопни единици

Игор Русак/РИА Новости
Корпорацијата „Уралвагонзавод“ (скратено УВЗ) работи на конструирање на сосема нов роботизиран офанзивен комплекс направен на база на обт Т-72Б3 (кодификација „Штурм“). Всушност овој комплекс во перспектува може да претставува самостоја роботизирана единица која ќе биде составена од четири роботи со различни тактички задачи со кои управува група оператори на мобилен гасеничен високопрооден команден пункт на оддалеченост од 3 километри зад овие роботи.

Генералниот директор на корпорацијата УВЗ Александар Потапов на новинарско прашање дали поради многу поголемите трошоци за шасијата на базата на тенкот Т-73Б3 намерно е избрана пред „Армата“ рече дека станува збор за избор што го донелo Министерството за одбрана. „Корпорацијата 'Уралвагонзавод' (УВЗ) ги исполнува сите барања кои пред него ги има поставено нарачателот на работата“, истакна во таа пригода Потапов. Тој потсети дека работата на проектот „Армата“ е тукушто започната и дека станува збор за перспективна платформа која ќе биде актуелна во следните неколку децении.

„Ние зборуваме за развој на овој проект, подоцна за негово комплетирање, а потоа и за негова практична експлоатација во руската војска. Тука се сите циклуси кои траат и не може да се реализираат преку ноќ. Но, ако треба побрзо да решиме некои конкретниз задачи, тогаш за негова реализација треба да се користат проверени решенија кои се финансиски, но и технички достижни“, нагласи директор на УВЗ кога зборуваше за новата концепција на развој на тенк без екипаж.

Развојот на целосно роботизирабни основни борбени тенкови спаѓа во приоритетите на руската воена индустрија кои се поткрепени и усвооени со документи кои ги има донесено Министерството за одбрана. Уште е рано да се зборува за роковите кога еден ваков тенк во целост би можел да биде комплетиран. Неодамна еден неименуван извор изјави дека руските тенковски инженери работат на создавање на тежок офанзивен роботизиран комплекс на база на тенкот Т-72Б3 со кодно име „Штурм“. Оваа информација ја потврдија и неименувани извори кои се поврзани за компанијата УВЗ. Според овие информации, руските конструктори веќе имаат направено макета на офанзивното роботизирано оклопно возило со имплементирана опрема и вооружување кое може да ги демонстрира сите елементи на движење.

Главниот уредник на списанието „Арсенал Отечества“ Виктор Мураховски објасни дека основната задача на тешкооклопниот роботизиран гусеничар е да се најде во предниот ешалон на ударниот борбен поредок. Тој има задача да ја пробие непријателската одбрана, зафаќајќи ги со својот оган практично сите цели кои во тој момент се достапни, вклучувајќи и наведувачки оган од други платформи како што се авиони, хеликоптери, артилериски и други оклопни борбени средства.

Извор од Министерството за одбрана соопшти дека главните барања кои им се наметнуваат на инженерите на УВЗ е да обезбедат исклучително квалитетна заштита која ќе го штити роботот од сите ракурси (од практично сите насоки и агли над и околу возилото). Ова средство ќе мора да ја задржи својата функционална способност по истовремен напад од група од дури 15 кумулативни гранати кои се испукуваат од РПГ, како и да се преживее надоаѓањето на вкопано минско-експлозивно средство со еквивалент на стандардна противтенковска мина. Исто така, перспективниот тенк-робот ќе мора да поседува исклучителни маневарски способности, особено кога битката се одвива во градски услови каде просторот за движење е мошне тесен, ограничен. Подвижноста на куполата од 360 степени во круг ќе мора да одговара на барањата на тесните улици кои ги има во градските борби. Елевацијата на основното вооружување исто така ќе мора да ги задоволи високите критериум за време на дејствувањето врз непријателот кој се наоѓа во висококатниците. Применетиот оптичко-електронски блок ќе мора да поседува врвни квалитети што ќе овозможи непрекинато дејство на роботот без оглед на тоа дали станува збор за ден или какви се временскиите услови. И конечно, компјутеризираниот систем на управување со оган ќе мора да поседува и определени елементи на вештачка интелигенција каде самостојно ќе може да се снајдат во борбата, поточно да откријат, да следат и да дејствуваат врз непријателски цели кои се однапред зададени од страна на операторот кој управува со роботизираното борбено средство.

Се претпоставува дека во составот на комплексот (единицата) ќе има четири борбени машини со различна конфигурација на вооружување:

  • Офанзивниот тенк-робот со маса од 50 тони ќе биде вооружен со тенковски топ со скратена цевка Д-414 со калибар од 125 милиметри. Неговата цевка ќе биде долга 4.000 милиметри, а ќе има автоматски полнач со капацитет од 22 гранати, впрегнат митралез ПКТМ, фронтален булдожерски нож и комплет серакурсна заштита од рачни противтенковски средства со кумулативно дејствие.
  • Роботизираното возило за пробој и уништување на утврдената непријателска жива сила со блиско растојание кое ќе биде вооружено со блок реактивни фрлачи со термобарична боева глава РПО-2 „Шмељ-М“ и митралески ПКТМ, со булдожерски нож и комплет серакурсна заштита од противтенковски средства со кумулатувно дејство.
  • Роботизирано возило за огнена поддршка кое е аналог на рускиот „Терминатор“ со борбен модул на кој се наоѓаат спарени автоматски топови 2А42 со калибар од 30 милиметри со борбен комплет од 100 гранати, ПКТМ+РПО-2 „Шмељ-М“,со булдожерски нож и комплет серакурсна заштита од противтенковски средства со кумулатувно дејство.
  • Роботизиран борбен систем кој ќе биде аналот на тешкиот фрлач на оган ТОС-1А „Солнцепјок“. На него ќе биде монтиран лансирен блок со 16 ненаведувачки ракети МО.1.01.04 со калибар од 220 милиметри кои ќе бидат опремени со термобарични боеви глави кои можат да покријат простор од 25.000 квадратни метри, Тука ќе бидат и ПКТМ, со булдожерски нож и комплет серакурсна заштита од противтенковски средства со кумулатувно дејство.
  • Команден пункт за управување со борбени роботи на кои ќе се наоѓа опреаторот или група оператори. Тој исто така се наоѓа на шасијата на основниот борбен тенк Т-72Б3 зајакнат со комплет серакурсна заштита од рачни противтенковски средства со кумулативно дејство. Планирано е од ова возило да се управува со борбени роботи на оддалеченост и до 3.000 метри.

За време на борбените функции сите гореспоменати роботи заклучно со командниот пункт ќе можат да остварат брзина до 40 километри на час. Треба да се истакне дека на оваа роботизирана единица за пробив се планира и воведување на дополнително зајакнување кое се состои од едно тешко логистичко-транспортно возило (исто така направено на база на тенкот Т-72Б3) кое ќе може да носи и до осуммина припадници на десантната пешадија.

Кога станува збор перспективниот борбен тенк „Армата“ последните вести кои датираат од пред триесеттина дена се дека инженерите на УАЗ планираат да направат нов тежок тенк на база на „Армата“ кој ќе биде вооружан со тенковски топ со калибат од 152 милиметри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња