Електролеталото со комбинирани својства на квадтокоптер, „летечко крило“ и конвертоплан би можело да се користи во патничкиот сообраќај во урбаните средини, соопштува весникот „Известија“.
Возилото со маса од шеесетина килограми може да достигне брзина до 200 километри на час. Инженерите кои работат на развојот на ова летало се уверени дека сериските модели ќе бидат во состојба да развијат брзини до 300 км/ч. За тоа време, мултикоптерите од оваа класа не летаат побрзо од 100 км/ч.
Овој технолошки новитет, наречен според италијанскиот комунист и советски авио-инженер Роберто Бартини, би требало да влезе во употреба до 2020 година. Стручњаците се уверени дека руските патнички дронови ќе бидат во состојба да се натпреваруваат со други модели на странските пазари.
И покрај фактот што беспилотните летала во градовите имаат предност во однос на хеликоптерите, отсуството на правна регулатива ја ограничува нивната масовна употреба. Освен тоа, стручњаците сметаат дека е неопходно да се создадат сигурносни системи со кои би се гарантирало дека нема да дојде до случајни или намерно предизвикани сообраќајни несреќи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче