Конструктор: Рускиот „летечки автомобил“ може да се појави веќе во 2021 година

Ferrari/ZUMAPRESS.com/Global Look Press
Роковите за создавање на „летечки автомобил“ во Русија повеќе не се тајна. Конструкторот Јуриј Баженов најави дека работата над новиот тип руски „летечки автомобил“ би можела да биде завршена до 2021 година.

Како што истакна Баженов, се работи за авион со исклучително кратко полетување и слетување наменет за транспорт на луѓе и товар до недостапни терени. Тоа всушност и не е летечки автомобил, туку е наречен така поради едноставноста во управувањето и можноста за користење на локации за полетување и слетување, нагласи тој.

Тој додаде дека се очекува процесот на развој на новитетот да биде завршен до 2020-2021 година, меѓутоа, не наведе прецизен рок, со оглед дека се можни застои, како и во секоја работа.

Со леталото ќе може да управува пилот, но и оператор од земски центар. Претходно во повеќе наврати беше нагласувано дека пробниот примерок ќе може да полетува од површина со големина 50х50 метри. Исто така, автомобилот ќе може да биде сместен и надвор од аеродромски хангари.

Прочитајте зоштонаучната фантастика во Русија станува реалност

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња