На маргините на саемот МАКС-2017 на штандот на градските власти на Москва беа претставени неколку технолошки иновации и стартап проекти, изјави раководителот на Одделот за наука, индустриска политика и претприемништво на Москва Алексеј Фурсин.
Меѓу презентираните новитети се наоѓа и товарен дрон, развиен од една московска компанија со седиште во Сколково.
„Се надеваме дека беспилотното летало нема да запре на експериментална серија, туку ќе прејде во сериско производство“, рече Фурсин.
Како што нагласи тој, дронот е и тестиран и може да се користи како беспилотно летало, но и во пилотирана верзија за превоз на луѓе.
„Покрај тоа, компанијата во овој момент има неколку патенти, вклучувајќи и воздушно такси, а за разлика од странските пандани, може да полетува и слетува на паркинг за автомобили“, изјави Фурсин.
Одговарајќи на прашањето за роковите за појава на таквите апарати на небото над Москва, Фурсин истакна дека станува збор за „поглед во иднината“, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче