Авијацијата на Јужниот воен округ изведе масовен воздушен напад врз конвенционални непријателски бродови во Црното море. Во текот на маневрите беа употребени преку 60 наведувани ракети и авиовбомби.
„Три ескадрили ловци Су-30СМ и повеќенаменски бомбардери Су-34 учествуваа во вежбата. Борбената група бродови ја симулираше група половила на Црноморската флота, а се користени и вежбовни поморски мети“, се наведува во соопштението на прес-службата на Јужниот воен округ.
Вежбите беа изведени во сложени радарско-електронски околности кои ги направија авионите Су-24МР и радарско-техничките единици на дивизионите за ПВО.
Пилотите изведоа преки 40 гаѓања со наведувани ракети „воздух-вода“, а беа употребени и дваесетина авиобомби. Сите мети беа успешно погодени.
Претходно авионите на оперативно-тактичката авијација на Јужниот воен округ изведоа прелет од Ростовската област на Крим. Во маневрите учествуваа преку 1000 војници и повеќе од 50 авиони, вклучувајќи и командно-надзорен авион А-50 со радар со голем домет и стратешки ракетоносци Ту-22М3, како и десет бродови на Црноморската флота.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче