Најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ најави дека во текот на 2018 година ќе излезе на пазарот со два спортски модела на популарниот седан „Веста“. Верзиите S и R ќе имаат погонски агрегати со различна сила.
Планирано е моторот со запремнина од 1,8 литри кој ќе развива најмалку 149 коњски сили да биде вграден во посилната верзија R , додека 1,6 литарскиот мотор од моделот Lada Kalina NFR со 140 коњски сили е предвиден за верзијата S. Двата модела ќе добијат развиени аеродинамични модификации, намален клиренс, посилни кочници, спортска суспензија и дури и нови тркала со пет завртки за спојување на фелните.
Засега нема подетални информации за премиерата на новитетите. Како што се очекува, спортските автомобили на Lada Vesta ќе бидат презентирани на Московскиот меѓународен саем на автомобили.
Прочитајте Како во Русија од „Лада“ направија спортски кабриолет „Крим“?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче