На северен Кавказ одржани најголемите воени вежби во изминатите 30 години

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Најголемите воени вежби на северен Кавказ во изминатите 30 години завршија. Во маневрите учествуваа седум илјади војници и преку 2,5 илјади парчиња воена техника, вклучувајќи и бродови на Касписката воена флотила, како и 80 авиони и хеликоптери.

Воени единици распоредени на југот на Русија и на Крим исто така учествуваа во изведувањето на маневрите.

„Формациите на 8 комбинирана армија ги извршија задачите во Ростовската и Волгоградската област, како и во Ставрополската и Дагестан. Трупите на 58 комбинирана армија имаа тактички епизоди во Северна и Јужна Осетија, во Ставрополската област, Чеченија и Дагестан. А 49 комбинирана армија, на ниво на баталјонски тактички групи, изведе префрлување од Ставропол до Каспиското езеро и ги исполни задачите во планините на Карачаево-Черкезија“, истакнува прес-службата на Јужниот воен округ.

Првпат во текот на маневрите на северен Кавказ е применет принципот на билатералност – некои војници напаѓаа, додека другите беа задолжени за одбраната. Евалвација на текот на воената вежба вршеа преку 200 офицери-инспектори.

Во текот на вежбите трупите активно ги применуваа борбените искуства стекнати во операциите за воспоставување на мирот во Грузија и сузбивањето на тероризмот во Сирија. Изведувани се дејствија за уништување на тнр. шахид-мобили (самоубиствени камиони-бомби) во урбани услови, поставување заседи во планински предели и истоварување на трупи на бреговите на Каспиското езеро. Применувани се и тестирани нови методи за спротивставување на крстосувачки проектили со помош на крајбрежни електронски и ПВО-системи, како и уништување на напаѓачки беспилотни летала. Пловилата на Касписката флотила изведуваа боеви гаѓања со ракетните системи „Калибар НК“.

„Овој метод за изведување на активности истовремено на оперативно и командно ниво е перспективен“, изјави командантот на Јужниот воен округ, генерал-полковник Александар Дворников.

Прочитајте повеќе: Прикажани нови кадри од истоварувањето на С-300 во Сирија