За година дена во Русија би можеле да направат снајперски куршуми со хиперсонични почетни брзини, изјави главниот конструктор на компанијата Lobaev Arms Владислав Лобаев.
„Внимателно ја проучуваме оваа област. Сметаме дека со постојната државна помош би било можно за година дека да се направи снајперски куршум со почетна брзина од две илјади метри во секунда. Тоа е хиперсонична брзина“, ги пренесува РИА „Новости“ зборовите на Лобаев.
Таквите куршуми, како што рече тој, не би имале барутно полнење, туку детонирачки хемикалии со специјален состав.
Лобаев истакна дека новите куршуми би им овозможиле на снајперите да остварат нови дострели и нови нивоа на прецизност.
Во моментов почетната брзина на куршумот за повеќето снајперски пушки е околу 1200 метри во секунда.
Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин даде задача да се тргне во развој на нови типови оружје.
Во август најновите снајперски пушки „Точност“ почнаа да пристигнуваат во арсеналот на Росгвардија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче