Руската армија бара повеќе од 2000 ракети кои имаат застрашувачка разорна сила

Батерија на системи „Сонцепјок“ во дејство

Батерија на системи „Сонцепјок“ во дејство

Global Look Press
Во наредните 12 месеци „Техмаш“ ќе ѝ испорача на руската армија импозантна количина современи ненаведувани ракети со голем калибар, опремени со термобарички боеви глави.

Повеќе од 2000 проектили со калибар 220 мм за тешкиот повеќецевен ракетен пламенофрлач ТОС-1А „Сонцепјок“ ќе добијат артилериско-ракетните единици на руската армија во наредните 12 месеци. Ова за руската новинска агенција РИА „Новости“ го соопшти заменик-генералниот директор на концернот „Техмаш“ Александар Кочкин за време на воениот саем ADEX-2018 што се одржа во главниот град на Азербејџан Баку од 25 до 27 септември оваа година.

 „Тоа ќе се реализира во периодот од 2018-2019 година“, одговори Кочкин на прашањето кога на руската армија ќе ѝ биде испорачана наведената количина муниција.   

Обединетата научно-производствена акционерска компанија „Сплав“, која се наоѓа во состав на концернот „Техмаш“, во 2017 година за дури 8,6 пати ја зголеми испораката на специјални ракетни проектили за тешкиот повеќецевен ракетен систем ТОС-1А „Сонцепјок“. Во 2018 година се планира понатамошно зголемување на производството на ова претпријатие со постепено воведување на перспективни типови на муниција¹ наменети за целиот спектар на артилериско-ракетните системи кои се наоѓаат во состав на руската армија.

Тешкиот повеќецевен ракетен фрлач ТОС-1А е во основа наменет за огнена поддршка на пешадијата и оклопно-механизираните единици. Ефикасен е против живата сила на непријателот која се наоѓа на отворен простор или во засолништа, но и против леснооклопна борбена техника и транспортни средства. Подеднакво може да се употребува во различни фази на битката. ТОС-1А веќе има сосем солидно искуство кога е во прашање борбената употреба на овој систем, бидејќи „Сонцепјок“ се истакна во Сирија и Ирак. Што се однесува до руската армија, во наредниов период ќе се продолжи со испорака на овие навистина респектабилно копнени борбени средства за огнена поддршка, како и со нив придружните логистички машини за транспорт на ракети и полнење на лансерите. За него е предвиден и дополнителен пакет на модернизација. Од базичната верзија на овој тежок пламенофрлачки ракетен систем најновата модификација се одликува со значително зголемување на оклопната заштита на ова средство. Така, одната шасија на овој систем, која е всушност позајмена од ОБТ Т-72, од горната-предна страна и бочните страни е заштитена со плочи со реактивен оклоп. Унапреден е и квалитетот на гасеничната лента, а исто така е зголемена и силата на основниот мотор која сега достигнува 840 КС.

¹На воено-техничкиот саем „Армија-2018“се претставени карактеристиките на најновата ракетна муниција што ќе ја користи овој систем. Се работи за ракетата со ознака МО.1.01.04М со калибар 220 мм која ќе биде опремена со термобаричка боева глава со зголемено разорно дејство. Оваа ракета е долга 3,72 метри, а нејзината маса достигнува 216 килограми. Максималниот дострел на ракетата е 6000 метри. Температурниот опсег на нејзината употреба е од -40 до +50 степени Целзиусови.

Погледнете како дејствува „Сонцепјок“

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња