„Клучната ставка на нашата агенда е придвижување на нова перспективна државна програма за вооружување по завршувањето на онаа тековната, која би траела до 2027 година. Ѝ пристапивме оваа година и таа ги зема предвид современите трендови во развојот на модерните технологии, вооружување и воена опрема во светот, како и искуството од борбената употреба на руското вооружување во Сириската Арапска Република“, рече Путин.
Тој на состанокот со претставниците на воено-индустрискиот комплекс во паркот „Патриот“ во Кубинка кај Москва истакна дека трупите, како резултат на имплементацијата на државната програма за вооружување“, би „морале да го добијат најновото вооружување кое е супериорно во однос на странските конкуренти во тактичка и техничка смисла“. Конкретно тој ги спомена ракетниот систем „Сармат“, ловецот од петта генерација Су-57, високозаштитениот тенк на борбената платформа „Армата“, системот за ракетна ПВО С-500 и подморницата од проектот 677.
„Во меѓувреме, важно е да одиме понатаму и да почнеме да изработуваме планови за развој и производство на следната генерација борбени системи за иднината, што би го утврдило изгледот на руската армија долгорочно, за претстојната деценија“, додаде рускиот претседател.
При посетата на паркот „Патриот“ во Кубнка, Путин изврши инспекција на снајперскиот полигон при центарот на концернот „Калашников“ и притоа гаѓаше од снајперската пушка СВЧ-308.
На Путин му беше прикажана и видеопрезентација за отворањето на центарот и формирањето на одделението за интеграција при концернот, како и за новите принципи и потфати на „Калашников“. Претседателот на РФ, по проучувањето на полигонот, истрела пет куршуми од пушката СВЧ-308 во мета оддалечена 600 метри и имаше натполовичен број на погодоци повеќе
Претходно Путин во текот на говорот пред Федералното собрание во март зборуваше за новите руски сложени борбени системи: најновиот ракетен систем „Сармат“, хиперсоничните „Кинжал“ и „Авангард“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче