Извор: Михаил Метцељ / ТАСС
Доколку се соберат сите изјави на руските високопоставени воени лица и чиновници за плановите за изградба на носач на авиони во Русија, кои се дадени по распаѓањето на СССР, тогаш ќе се добие долг список на најразлични проекти кои не биле реализирани. Треба ли Русија да го чека носачот на авиони?
Во Русија флотата историски функционирала како помошен инструмент на најмоќната копнена армија во светот. Во втората половина на дваесеттиот век со појавата на атомските подморници на ова се додадени функциите на стратешко воздржување. За заштита на областите на распоредување на своите стратешки носачи на авиони и за можноста поактивно да учествува во многубројните конфликти во земјите од Третиот свет, СССР од шеесеттите години на минатиот век започна со изградба на носачи на хеликоптери, а од седумдесеттите години од минатиот век и со изградба на тешки носачи на авиони. Советските носачи на авиони, за разлика од американските, можеле делумно самите себеси да се штитат – сила и средства за формирање моќни Авионосни ударни групи, како оние на САД, советската Воена морска флота немала. За вооружувањето мораше да се плати со намалување на авионите и на катапултот, без кој беше невозможно да се кренат од палубата авионите ДРЛОУ.
Нов носач на авиони – стари задачи
Носачот на авиони е потребен за истите оние задачи како и во СССР, а неговото создавање во најголем дел ќе биде поврзано со понатамошното поставување на морските компоненти на РВСН. Сега се одвива модернизација која се базира на ТАРК „Адмирал Кузнецов“, на 15 Су-33 од советско производство, се купуваат нови МиГ-29К. Наскоро треба да се појави палубен авион од петта генерација.
Додека со авионите работата и не е толку лоша, со изградбата на нови пловечки аеродроми за нив постојано се одложува уште од почетокот на минатата деценија. Работата засега е дојдена до моделот што неодамна беше претставен во „Крисловскиот државен научен центар“. На новиот нуклеарен (за разлика од „Адмирал Кузнецов“) носач на авиони, кој ќе носи околу 100 летала, е планирано да биде поставен и катапулт.
Подготвеност за изградба
Русија ја засилува „нуклеарната тријада“ Руската атомска подморница „Владимир Мономах“ заплива во Белото море и изврши лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Булава“. |
Настаните во Украина и судирите со Западот го натераа руското раководство малку да побрза со своите планови за изградба на тешки воени бродови. Во својата изјава, Игор Касатонов забележа дека искуството за изградба и за експлоатација на современи големи бродови Русија ќе го добие во рамките на реализацијата на проектот „Лидер“, кој ќе биде „теоретска база и основа за изградба на носач на авиони“. Во државната програма не е предвидено изградба на носач на авиони до 2020 година. Но, производителите веќе се подготвуваат за ваква нарачка, а доказ за ова е постоењето макета. Исто така, кон средината на февруари началникот на морската авијација на ВМФ на РФ генерал-мајор Игор Кожин изјави дека технички сè е подготвено и дека носачот на авиони може да биде создаден за 8-10 години.
Сè уште останува прашањето за тоа каде ќе се прави трупот на новиот носач на авиони, со оглед на тоа дека Николаевското бродоградилиште, каде традиционално се градеа советските ТАРК, сега се наоѓа во Украина. Поголемиот дел специјалисти смета дека изградбата на новиот брод од ваква класа може да биде започнато само по реконструкцијата на фабриката „Севмаш“. По присоединувањето на Крим кон Русија, уште еден кандидат за изградба на носачот на авиони може да биде керченската фабрика „Залив“, која во времето на СССР имаше најголем док. Ваквата можност ја спомена и првиот човек на Република Крим Сергеј Аксјонов.
Во следниве години задачите на руската флота ќе бидат сконцентрирани на обезбедување на сопствените брегови и на повторно создавање на морската авијација која беше изгубена во деведесеттите години од минатиот век. Носачите на авиони ќе бидат следната етапа во развојот. Овој пат најавените рокови за нивна изградба изгледаат сосема реално, а и појавувањето на цела серија фрегати и разорувачи, што треба да се случи дотогаш, ќе овозможи создавање соодветно воено обезбедување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче