Министерството за одбрана на Русија објави снимка од предавањето на системите С-300 на Сирија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руското Министерство за одбрана објави снимка од предавањето на комплексите С-300 на Сиријците. Снимката е емитувана и на руската телевизија.

На снимката се гледа истоварување на системот С-300 од руски авион Ан-124-100. Истоварувањето е извршено ноќе.

Во четвртокот министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу го извести рускиот претседател Владимир Путин за предавањето на ракетен систем за противвоздушна одбрана С-300 на Сирија. Првиот човек на Министерството за одбрана прецизираше дека Москва му предала на Дамаск 49 компоненти, вклучувајќи основни системи, контролни возила и четири лансери.

Рускиот сенатор Клинцевич изјави дека дел од сирискиот воздушен простор ќе биде затворен за странските авиони од моментот на распоредување на ПВО-системот С-300.

Одлуката за снабдување на Сирија со системи С-300 беше донесена како одговор на израелските акции по повод инцидентот во кој беше соборен руски Ил-20.

Прочитајте повеќе: Пристигнуваат С-300: Русија воспостави интензивен воздушен сообраќај со авиобазата „Хмејмим“