На летечко-тактичките вежби на Воздушно-космичките сили (ВКС) на Руската Федерација учествуваат далекуметни бомбардери Ту-22М3 и стратешки ракетоносци Ту-160 и Ту-95МС, соопштува Министерството за одбрана на Русија.
Вежбите се изведуваат во рамките на проверката на борбената готовност на Вооружените сили во 2018 година, го пренесуваат медиумите соопштението на Министерството за одбрана на Русија.
„Во нив учествуваат екипажи на стратешките ракетоносци Ту-160, Ту-95МС, како и далекуметните бомбардери Ту-22М3 од три авијациски полка стационирани во Саратовската, Калушката и Мурманската област“, се наведува во соопштението.
Во вежбата ќе учествува и авиоцистерна Ил-78 од друг далекуметен авијациски полк.
Севкупно во вежбата учествуваат преку 20 летала, како и 10 воени аеродроми од Западниот, Централниот и Источниот воен округ.
Во текот на вежбата, екипажите ќе ги усовршуваат процедурите на релокација кон оперативни аеродроми, дополнување гориво во воздух и дејство по копнен мети на полигоните.
Во септември, во рамките на вежбата „Восток 2018“, стратешки ракетоносци Ту-95МС патролираа по трите северни мориња и Арктичкиот океан и исто така лансираа крстосувачки ракети врз копнени мети на полигонот Телемба во Бурјатија. Бомбардери Ту-22М3 гаѓаа објекти на аеродром на симулиран противник.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче