Седум најдобри руски ховеркрафти за војна и мир

Овие машини можат да совладаат снег, мочуришта, мориња и стрмнини, така што не е чудо што најдобрите ховеркрафти на светот се произведуваат во Русија.

1. Корвета од класата „Бора“

Лебдечките ракетни корвети од класата „Бора“ не се правени за десантирање на трупи како повеќето ховеркрафти, туку за борба. Вооружени со противбродски ракети „Москит“, овие возила ги штитат јужните граници на Русија и Црното море.

2. Славир 9

„Славир 9“ е универзален трансформирачки ховеркрафт. Пловилото за само две-три минути може да се конвертира од двосед во транспортер за 12 лица.

3. Мурена

Проектот 12061 „Мурена“ може да транспортира или еден тенк, или две борбени возила на пешадијата, или 140 војници во полна воена опрема. Освен во руската војска, „Мурена“ се наоѓа и во оперативна употреба на Вооружените сили на Јужна Кореја.

4. Ирбис

Со ниските трошоци за одржување, ховеркрафтот „Ирбис“ може да функционира без дополнување на гориво речиси 24 часа. Затоа не чуди што е користен на просторите на Арктикот и Латинска Америка.

5. Десантен ховеркрафт од класата „Зубр“

Со своите 57 метри должина, проектот 12322 „Зубр“ е најголемиот ховеркрафт на светот. Не само што може да транспортира чета морнаричка пешадија до непријателскиот брег, туку може да им пружи и огнена поддршка со своите повеќецевни ракетни „Оган“ со калибар140 мм, како и со системот за блиска борба АК-620.

6. XG-8

Новиот ховеркрафт XG-8 ќе служи и за цивили и за војската. Може да се користи за лов и риболов, но и за мисии за контрола на границата.

7. Хивус-48

Ако „Зубр“ е шампион во класата на воените ховеркрафти, „Хивус-48“ е најдобриот од цивилните модели. Со 19 метри должина и способност за транспорт на 48 патници, тој претставува најголем цивилен ховеркрафт во Русија и еден од најголемите на светот.

Прочитајте повеќе: Шест советски амфибиски возила: Од копии на американски модели до оригинални проекти

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња