Ховеркрафт XG-8.
Иновациски меѓупрофилен инженерски центар. Нижни Новгород.„Првите 15 машини веќе им се испорачани на итните служби. Ховеркрафтот е направен за услови во источните подрачја на Русија каде снегот и поплавите се секојдневна појава“, изјави за порталот Russia Beyond Владимир Кузмичов, генерален директор на Иновацискиот меѓупрофилен инженерски центар кој го направи тој брод. Ховеркрафтот може да послужи и како брод, автомобил и „нисколетачки авион“. Со еден резервоар може да помине 750 километри на мраз, море, снег и песок. Развива брзина од 100 км/ч. Според мислењето на раководството на компанијата, овој ховеркрафт може добро да се примени и во руската воена морнарица.
„Може да се користи за транспорт на трупи на сите видови морски брег. Прима од 10 до 30 луѓе во зависност од моделот. Функционира во сите временски услови“, изјави Кузмичов.
Има и големи маневарски можности. Благодарение на моторот од 413 коњски сили, како и воздушната подлога, кормиларот може лесно да го „занесува“ ховеркрафтот на мраз и снег и на тој начин да ги забавува гледачите со впечатливи потези.
„Две приватни компании го купија ховеркрафтот за забава за гостите во одморалиштата“, додаде тој.
Потенцијално ново оружје за војската
„Ако постои желба овој тип бродови да им се претстави на силите на воената морнарица, тогаш треба да се очекува да му се додаде барем дополнителен оклоп, како и носачи на митралези со голем калибар. Не сум сигурен дека ховеркрафтот ќе ги издржи нивните трзаи, ниту дека ќе опстане во вистински борбени дејствија, но секако ќе биде соодветна дополна за новата „зомби“ сезона“, изјави за Russia Beyond професорот на Академијата на воени науки Вадим Козјулин.
Тој смета дека овој вид на брод може да биде потенцијална дополна за единиците кои патролираат на границата.
„Ова пловило може да совладува голем број на пречки, така што би им одговарало на силите кои брзо дејствуваат“, додаде тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче