„Калашников“ направи арктичка опрема за војниците

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Концернот „Калашников“ во соработка со Министерството за одбрана на Руската Федерација и Здружението за развој на арктичките територии „Северен десант“ разви арктичка опрема за војниците. Новите комплети опрема овозможуваат работа во услови на екстремно ниски температури. Ова го соопшти „Калашников медија“ на 27 септември.

Опремата, која вклучува преку 40 предмети, беше тестирана во текот на арктичката експедиција во март 2018 на полуостровите Јамал и Тајмир, каде температурата на воздухот за време на испитувањата изнесуваше 47 степени под нулата, а брзината на ветрот надминуваше 25 метри во секунда.

Прочитајте повеќе за трите најнови автомати на концернот „Калашников“