Овде „Исламската држава“ не проаѓа: Русите и Киргизите им приредија пеколен пречек на терористите

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во рамките на организацијата ЗНД во тек е активна фаза на комплексни заеднички противтерористички воени вежби со основна цел што поефикасно содејство и субординација меѓу безбедносните сили на нејзините држави-членки. Во вежбите учествува најсовремена борбена техника вклучувајќи ги и оперативно-тактичките системи „Искадер-М“, како и стратешките бомбардери Ту-95МС и Ту-22М3.

На јужните граници на Заедницата на независни држави (ЗНД) во тек е формирање на нов терористички центар кој се заканува да се здобие со пошироки размери. Имено, на територијата на Авганистан терористите на „Исламската држава“ по поразот во Сирија се обидуваат да ја обноват својата инфраструктура и да створат „реплика“ на таканаречениот калифат кој до пред само 2-3 години зафаќаше голем простор на Сирија и Ирак. „Оваа организација е должна да ѝ се спротивстави на оваа реална терористичка закана“, изјави денес раководителот на Анитерористичкиот центар на ЗНД (АТЦ ЗНД) Андреј Новиков при изведувањето на воената вежба „Исјакул-Антитерор-2018“ која се одржува на северот на Киргизија.

 „Во оваа вежба демонстриравме борбена операција на нашите сили со основна цел блокирање и уништување на крупна терористичка група, која под оружје ја премина државната граница. Сценариото на вежбата се базираше на анализи на оперативната ситуација на јужните граници на ЗНД, каде интензивно го следевме процесот на формирање на нов терористички центар за собирање на терористите на тнр. Исламска држава на територијата на Авганистан“, истакна Новиков.

„Изведувањето на денешната воена операција во вид на вежба демонстрираше висока способност на земјите кои се наоѓаат во рамките на ЗНД во содејство со локалните сили успешно да решат и најсложени борбени задачи. Борбените состави кои учествуваа во оваа вежба прикажаа висок степен на оспособеност и увежбаност, особено кога се работи за примена на современи видови на вооружување и воена техника, вклучувајќи и тактички дејствија како што се ефикасно содејство со специјалните полициски единици во посебни услови“, нагласи раководителот на Антитерористичкиот центар.

Претседателот на Државниот комитет за национална безбедност на Киргизија (ГКНБ) Идрис Кадиркулов истакна дека посебен впечаток му оставил високиот степен на обученост во искажаниот професионализам кој го демонстрирале сите учесници во оваа вежба. „Во текот на изведувањето на оваа вежба особено се инсистираше на максимално приближување на нејзиното сценарио со ситуации какви што имаме во реална борба“, истакна тој.

Во периодот од 25-26 септември на подрачјето на Исјакулската област на северот на Киргизија во организација на ЗНД се одржа голема противтерористичка воена вежба за проверка и увежбување на безбедносните сили на овие земји со цел спречување на прелевање на терористичката закана на територијата на земјите-членки и пресекување на секаков облик на насилен екстремизам кои можат да се јават во нивната внатрешност.

Во вежбата зедоа учество околу 2000 војници од две држави, со околу 400 единици борбена техника, вклучувајќи и стратешка авијација (Ту-95МС и Ту-22М3). За таа прилика во Киргизија беше префрлен и рускиот оперативно-тактички ракетен систем од класата „земја-земја“ „Искандер-М“. Покрај него, на воените аеродроми во Киргизија (аеродромите Кант и Чолпон) беше дислоцирана руска мешовита воздухопловна борбена група која во својот состав имаше околу 30 борбени авиони и хеликоптера (фронтовски бомбардери и тактички јуришници С-24 и Су-25, воено-транспортни хеликоптери Ми-8, ударни хеликоптери Ми-24). Здружената противтеророистичка борбена група примени и руски беспилотни летала од типот „Орлан-10“, повеќецевни ракетни лансери „Град“ и самоодни хаубици „Мста-С“.

Прочитајте повеќе: Во Киргизија пристигнаа ракетните системи „Искандер-М“ и ридски механизиран баталјон