Оперативно-тактички ракетен систем 9К720 „Искандер-М“
Рамиль Ситдиков/SputnikОперативно-тактичките ракетни системи 9К720 „Искандер-М“ првпат од Урал се префрлени во Киргизија заради учество во заедничката противтерористичка воена вежба во која учествуваат војските на ЗНД, се наведува во информативната служба на Централниот воен округ.
„Нашите ракетни системи од класата „земја-земја“ 9К720 „Иксандер-М“ ќе учествуваат во противтерористичката воена вежба на ЗНД со кодно име „Исјак-Кул-Антитерор 2018“, се вели во соопштението. Во текот на изведувањето на оваа вежба нејзината основна задача ќе биде уништување на базен логор кој се наоѓа на ридскиот воен полигон „Еделвајс“, чии капацитети ќе бидат користени во оваа вежба.
Ракетниот систем 9К720 „Искандер-М“ е наменет за уништување на важни непријателски цели во длабочината на неговиот фронт, како што се командни пунктови и инфраструктурни објекти, борбени авиони и хеликоптери базирани на аеродроми, средства на противракетната и противвоздушната одбрана, артилериско-ракетни средства со голем дострел како што се повеќецевни ракетни лансери, оперативно-тактички ракети итн. За изведување на вакви комплексни задачи системот е вооружен со два типа на ракети: квазибалистичка која носи ознака 9М723 и крстосувачка 9М728 (Р-500). Нивниот ефективен дострел достигнува 500 км. Покрај големата разорна сила, неговите ракети се познати по својата исклучителна прецизност.
Освен ракетните единици опремени со „Искандери“, во оваа вежба од страна на Русија ќе учествува и баталјонско-тактичка група на ридска механизирана бригада од составот на Централниот воен округ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче