Израелските медиуми загрижени поради наведената испорака на ракетниот систем С-300 на Сирија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Одлуката на Москва да испорача систем за ПВО со голем дострел каков што е С-300 значително ќе ја усложни воздушната операција на израелското Воено воздухопловство на територијата на Сирија, а можеби ќе ја доведе во прашање и апсолутната воена доминација која што Израел веќе подолга низа години ја има во однос на соседните земји.

Израелските медиуми се многу загрижени поради претстојната испорака на руските противвоздушни ракетни системи со голем дострел С-300 на Сириската Арапска Република. Како што наведува интернет изданието на весникот The Jerusalem Post, ваквата одлука на Москва претставува сериозна опасност за израелската армија, затоа што сириската противвоздушна одбрана во свои раце ќе има средство кое според своите тактичко-технички карактеристики драстично го надминува постојното вооружување кое главно датира од советско време.

Познато е дека Израел својата воена супериорност во регионот главно ја темели на моќното воздухопловство кое е апсолутно доминантно во однос на сите земји со кои граничи оваа држава. Со набавката на можеби и најдоброто средство за ПВО на светот каков што е системот С-300, оваа несразмерна доминација која Израел толку љубоморно ја чува, може да пукне како „меур од сапуница“. Речиси е извесно дека идните воздушни операции на израелското Воено воздухопловство нема да се одвиваат во постојниот формат кој се сведуваше на високопрецизни удари од безбедна дистанца кои физички не се достапни за голем број средства на противничката ПВО, или доколку се, тие се толку застарени што лесно може да се збунат со средства за противелектронска борба во комбинација со енергично маневрирање.

Според пишувањето на израелските медиуми, ракетата што ја лансира системот С-300 има ефективен дострел од над 300 км, што практично значи дека целиот воздушен простор на Израел е под негова контрола. Хипотетички гледано, израелските авиони можат да бидат соборени штом ќе полетаат од пистите на своите аеродроми, што ќе претставува вистински „кошмар“ за израелските пилоти.

Во разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, израелскиот премиер Бенјамин Натанјаху нагласи дека испораката на современи системи за ПВО на сириската армија ќе го зголеми ризикот од понатамошно заострување на ситуацијата во целиот регион.

Прочитајте повеќе: Министерството за одбрана на РФ ги утврди сите факти околу падот на Ил-20: Израел е виновен