„Сериското производство на борбени роботи за Вооружените сили на РФ би можело да почне годинава“, изјави рускиот министер за одбрана, генерал на армија Сергеј Шојгу, одговарајќи на прашања на учесниците на форумот.
Едно од прашањата беше дали постои можност во блиска иднина да се промени улогата на војникот во армијата и борбените дејства да ги преземе техника со која се управува на далечина, а учеството на човекот да се сведе на исполнување на функцијата за управување и координирање.
Зошто во блиска иднина, праша Шојгу и додаде дека тоа мошни активно се реализира веќе сега.
Како што нагласи тој, пред само неколку години во војската имало само 160 беспилотни летала, а во моментов има 1800.
„Почнавме да создаваме борбени роботи, штотуку завршуваат нивните државни и армиски тестирања. Се надеам дека годинава ќе го почнеме сериското производство“, рече министерот, потсетувајќи дека развојот на роботската техника за деминирање е веќе завршен.
„Во овој момент таквите роботи веќе се наоѓаат во сериско производство, кај нас работата не запира ниту за ден, ниту за час,“ рече Шојгу.
Експертите на концернот „Калашников“ на почетокот на овој месец на подмосковски полигон ги тестираа борбените роботи „Соратник“ и „Нахлебник“ на температури кои беа во „дебел минус“.
Борбениот автоматизиран систем „Соратник“ е тестиран во јануари во услови слични на борбен на температура над 30 степени, како што наведуваа медиумите, во Сирија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче