Нуклеарната подморница „Казањ“
Александар Рјумин/TASSОваа подморница според многу карактеристики е уникатна. Веќе е високо оценета од експертите од земјите на НАТО. На пример, аналитичарот Мајкл Кофман, кој работи во американскиот Центар за военопоморска анализа ја опиша руската нуклеарна подморница „Казањ“ како „најмоќната непријателска подморница со која воената морнарица на САД кога било си имала работа“.
Проектот „Јасен-М“ на почетокот беше замислен како продолжение на проектот „Афалина“, кој подразбираше конструирање на подморница со многу моќен центар за врска и систем за радиолектронска борба. Тоа е своевиден подводен пандан на авионот А-50 кој служи за далечинско радарско откривање и управување. Моќниот сонарен систем ѝ овозможува на оваа подморница да добива „увид“ во ситуацијата под вода на големи растојанија.
Подморниците од овој тип имаат и многу други карактеристики поврзани со конструкцијата. На пример, конструкторите се откажаа од традиционалниот двоен труп (цврст внатрешен труп и полесен надворешен). Овде е применето иновативно решение – со лесен труп е обложен само предниот дел на подморницата.
Главната особеност е во тоа што нуклеарната подморница „Јасен-М“ може подеднакво ефикасно да се спротивставува и на други подморници и на носачи на авиони, како и да напаѓа утврдени позиции на брегот. Таквата универзалност е постигната благодарение на акустичната заштита и разновидното вооружување (ракети „Калибар“ и „Оникс“, торпеда).
Сега во военоиндустриското претпријатие „Севмаш“ во разни фази на производството се наоѓаат повеќенаменските нуклеарни подморници од оваа серија. Тоа се „Новосибирск“ (почната 2013 година), „Краснојарск“ (2014), „Архангелск“ (2015), „Перм“ (2016) и „Улјановск“ (2017).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче