Модернизација на „Адмирал Кузнецов“: Познатиот руски носач на авиони се подготвува за новата доба

Reuters

Тешкиот крстосувач-носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ е поставен во пловечки док заради заради поправки и модернизација, изјави за РИА „Новости“ извор од индустријата за бродоградба.

„Да, пристигна во док“, рече соговорникот на агенцијата, одговарајќи на главното прашање.

Претходно претседателот на Обединетата бродоградежна корпорација (ОСК) Алексеј Рахмањов соопшти дека е планирано работите за поправка и модернизација на наведеното пловило да бидат готови до крајот на 2020 година. Во првата половина на 2021 ќе бидат спроведени испитувања по што бродот ќе биде вратен во арсеналот на руската Воена морнарица.

Руска воена морнарица во моментов поседува еден тежок крстосувач-носач на авиони – „Адмирал на флотата на Советскиот Сојуз Кузнецов“, кој беше спуштен во вода 1991 година, уште во ерата на СССР. По модернизацијата, животниот век ќе му биде продолжен за уште 20 години.

Должината на палубата на рускиот носач на авиони изнесува 306 метри, ширината 75 метри, депласманот му е 60000 тони, а максималната дистанца на пловидба изнесува 8417 милји, односно преку 15000 километри. Екипажот го сочинуваат 1960 луѓе, вклучувајќи 518 офицери и 210 подофицери.

„Адмирал Кузнецов“ од летала ги носи палубните авиони Су-33 и Су-25, како и хеликоптерите Ка-27/Ка-29. На бродот се вршени и испитувања на нови групи летала, составени од ловци МиГ-29К и хеликоптери Ка-52К.

Покрај сето наведено, „Адмирал Кузнецов“ поседува и противбродски ракети од напаѓачкиот комплекс „Гранит“ (12 потпалубни лансери се наоѓаат кај основната рампа), системи за ракетна ПВО „Кинжал“ (4 модули од 192 ракети), „Кортик/Каштан“ (8 модули од по 256 ракети и 48 илјади гранати).

Прочитајте повеќе: Колку ќе чини модернизацијата на „Адмирал Кузнецов“?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња