На днoто на Маријанскиот ров ќе биде поставено руско знаме

ФПИ

На дното на Маријанскиот ров во Тихиот океан би требало да биде поставено руското знаме, изјави раководителот на проектната група на Фондот за перспективни истражувања Виктор Литвиненко.

На штандот на Фондот за перспективна истражувања на Источниот економски форум се претставени планови за работите на проучување на Маријанскиот ров со помош на супердлабоководен автономен апарат, пренесуваат медиумите.

Овој потфат ќе биде изведен следната година.

На дното на Маријанскиот ров ќе се спуштат маневрирачки подводен апарат „Витез“ и станица за проучување на дното. Стручњаците ќе извршат картографски мерења, класификација на објектите, ќе присоберат хидролошки податоци и ќе направат фотографски и видео материјал. Исто така ќе соберат примероци за понатамошни проучувања.

Се наведува и дека во текот на оваа акција ќе бидат тестирани технологии за изработка на екстремна подводна роботизирана техника.

„Сега го очекуваме знамето на Русија на дното на Маријанскиот ров, и тоа е добро“, рече Литвиненко.

Во април претседателот на Обединетата корпорација за бродоградба Алексеј Рахманов соопшти дека конструкторското биро „Малахит” почнало со работа на проект за длабоководен апарат за спуштање во Маријанскиот ров.

Прочитајте повеќе: НАТО доби совет да се чува од „тајната морнарица” на Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња