Бродовите на Северната флота пристигнаа во Чукотското море заради учество во маневрите „Восток-2018”

Одред борбени и помошни бродови на Северната флота на руската Воена морнарица пристигна во реонот на ’ртот Ванкарем во Чукотското море заради учество во маневрите „Восток-2018”. Големиот противподморнички брод „Вицеадмирал Кулаков” и десантните бродови „Кондопога” и „Александар Отраковски” почнаа со подготовка на операцијата за истоварување на поморски десант на брегот. Во рамките на маневрите силите на Северната флота ќе тренираат практични дејствија во арктичката зона на подрачјето на Чукотка, како на брегот, така и во водите на Северниот леден и Тихиот океан.

Споредете ја грандиозната воена вежба „Восток 2018“ со најголемата советска вежба „Запад 81“!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња