Ударниот хеликоптер Ми-28НЭ со систем за заштита против надворешни нечистотии
Виталиј Белоусов/SputnikГостите и воените специјалисти кои го посетија меѓународниот саем на вооружување и воена техника „Армија-2018“ посебно ги заинтересира најновиот систем на заштита на турбоелисниот мотор ВК-2500-01¹. На претходните саеми кои секоја година се одржуваат во Русија не е демонстрирано ништо слично. Се работи за модернизација на хеликоптерот Ми-28НЭ.
Како што се соопштува на интернет сајтот РГ од страна на информативната служба на холдингот „Хеликоптери на Русија“, прикажан е системот за заштита на моторот од надворешни влијанија кој се состои од мултициклонски филтри за елиминација на песокот или други нечистотии. Ова е особено важен технички елемент за леталата кои се употребуваат во пустински услови.
Овој систем нема негативно влијание врз излезната сила на моторот. Неговата благотворна функција најмногу се гледа во тоа што овој систем значително го намалува пропаѓањето на лопатките на компресорот, што го продолжува експлоатациоскиот временски ресурс на употреба на моторот меѓу два ремонта. Неговиот развој е условен и со тоа што неговата употреба не ги попречува другите два фактора кои се наметнаа како витални елементи кои мора да ги поседува модернизираната верзија на хеликоптерот Ми-28НЭ. Тие елементи се поврзани со значајниот пораст на летечко-техничките карактеристики на леталото и подигањето на неговата вкупна конкурентна способност на меѓународниот пазар на вооружување и воена опрема.
Благодарение на успешната борбена експлоатација на офанзивниот хеликоптер Ми-28НЭ во Сирија и во Ирак, во очите на меѓународните воени претставници истиот е обележан како исклучително употребливо борбено средство со висока ефикасност. Неговата последна модификација овозможи понатамошно подигање на летечките и тактичките способности на хеликоптерот кои се недостижни за многубројните странски конкуренти кога е во прашање ваквиот вид на вооружување.
¹ ВК-2500 претставува подобрена верзија на познатиот хеликоптерски мотор ТВ3-117 дизајниран од легендарниот завод „Климов“ од Ленинград, денешен Санкт Петербург. Неговите предности во однос на овој мотор се гледаат во значително поекономичната потрошувачка на гориво, поголемата излезна сила и примената на современи системи за автоматско управување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче