УАЗ во живо ќе го пренесува составувањето на првиот унапреден УАЗ „Патриот“

УАЗ

Рускиот производител на автомобили реши да одржи необична презентација на унапредената верзија на теренецот „Патриот“ која ќе биде пренесувана во живо.

Како што соопшти прес-центарот на компанијата, правењето на првиот автомобил од овој тип во сериско производство ќе има пренос во живо. Онлајн емитувањето ќе ја покрива работилницата за обработка на метал и заварување, како и отсек за техничка контрола. Заинтересираните ќе можат да го видат процесот на катафоретичка подготовка на каросеријата, монтирањето на новиот бензински мотор, модернизираниот менувач и суспензиите со унапредени карактеристики.

Презентацијата ќе почне на 20 септември во 18 часот и ќе биде достапна на официјалниот „Јутјуб“ канал на фабриката во Улјановск. Освен тоа, гледачите ќе можат да ги оценат тест полигонот на УАЗ и изложбено-музејскиот комплекс, а сето тоа во рамките на прославата на 40-годишнината на компанијата.

Прочитајте повеќе: Инженерите најавуваат: УАЗ „Патриот“ ќе биде уште помоќен

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња