Русите ја претставија модернизираната „Арена“ со супербрза реакција

Андреј Стенин/Sputnik
Се чини дека тенкот стана многу ранлив во судир со многу достапните противтенковски системи, така што од примарната функција на предатор се претвори во најлесен плен. Според тоа, овие системи се единствениот спас на сѐ подинамичното боиште да се продолжи животот на тенкот, т.е. да не оди во старо железо како надминато старо железо.

Русија во овој момент претставува светски лидер кога е во прашање развој на системи за активна заштита на тенкот. Тоа пред сѐ се однесува на развојот на перспективни системи за заштита за новата генерација основни борбени тенкови – ОБТ и борбени возила на пешадијата – БМП како што се „Армата“, „Курганец-25“ и „Бумеранг“. Меѓутоа, и за оперативните тенкови исто така се развиваат сѐ понапредни комплекси за активна заштита.

На престижниот интернационален военотехнички саем на вооружување и воена опрема „Армија-2018“ беше претставена макета на основниот борбен тенк која е опремена со усовршен комплекс за активна заштита „Арена-Е“ (Арена-Э). Таа од базичната верзија на комплексот се разликува по тоа што модулите со антени се распоредени насекаде по куполата на тенкот, со што тенкот доби значително поголемо ниво на оклопна заштита. Истото ова важи и за контејнерите со експлозивна муниција која во лет го пресретнува надоаѓачкиот проектил. На конструкторите на комплексот за активна заштита „Арена-Е“ им појде од рака да обезбедат поефикасна заштита, доколку група проектили напаѓа на тенкот од еден правец.

Унапредената верзија на комплексот за активна заштита „Арена-Е“ работи во автоматски режим на работа и покрај истреланите проектили од противтенкови ракетни системи и рачки ракетни фрлачи, може да уништува и артилериски кумулативни гранати. Пресретнувањето на надоаѓачките проектили се остварува на далечина од 50 метри од тенкот. Притоа, реакцијата на целиот систем не е подолга од три десетинки!

Модернизираниот систем на активна заштита „Арена-Е“ е веќе монтиран на модернизираната верзија на тенкот Т-72, чија тежина порасна на 46 тони. Меѓутоа, интеграцијата на унапредениот мотор кој генерира сила од 1130 КС ефикасно ги елиминираше ефектите на неговата поголема маса кои негативно влијаат на базичните параметри на тенкот како што се агилноста и способноста за маневрирање.

Значаен извозен потенцијал

Со оглед на навистина широката распространетост на овие тенкови во светот (кои се мерат во илјадници единици), развојот на овој комплекс може да има и сериозни финансиски бенефити за руската воена индустрија. Во наредниот период на светскиот пазар на оружје се очекува пораст на продажбата на системи за заштита на оклопни борбени средства, токму поради причините кои ги наметнуваат конкретните искуства од последните војни. Се чини дека тенкот стана многу ранлив во судир со многу достапните противтенковски системи, така што од примарната функција на предатор се претвори во најлесен плен. Според тоа, овие системи се единствениот спас на сѐ подинамичното боиште да се продолжи животот на тенкот, т.е. да не оди во старо железо како надминато старо железо. Цената на еден комплекс за активна заштита „Арена-Е“ со вградување во тенкот се проценува на околу 300000 американски долари.

Прочитајте повеќе: Тенкот кој ќе „избие на Ла Манш“ добива активна оклопна заштита и уште посилен мотор

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња