Пресија врз тенковите: Русија интензивно работи на развој на нова генерација противтенковски системи

Руски противтенковски систем „Корнет“

Руски противтенковски систем „Корнет“

Слободан Ѓукиќ
Модерните тенкови се сѐ позаштитени и потешки за „пробивање“. Ги имаат сите поефикасни системи за динамична заштита, а во последно време е забележлив напредокот на тнр. активна заштита, која ги пресретнува проектилите во лет. Научниците од холдингот „Високопрецизни комплекси“ почнаа со развој на нова генерација на противтенковско оружје кое за надминување на идните предизвици ќе има поефективен дострел, далеку поголема брзина, поинаква траекторија на летот и напредни системи за наведување.

Руските инженери интензивно работат на развој на нова генерација противтенковски ракетни системи за борба против современата и перспективната оклопна борбена техника. Ова го соопштија претставници на холдингот „Високопрецизни комплекси“ (Высокоточные комплексы) на воено-техничкиот саем „Армија-2018“, пренесува новинската агенција „Рамблер“.

„Сакам да ве информирам дека во нашиот холдинг во тек се работи на развој на противтенковски ракетни системи од идна генерација“, истакна еден од инженерите за руската новинска агенција ТАСС. Детали за овој проект не се познати во овој момент, освен вербалните изјави на луѓе кои работат во состав на овој холдинг.

Инженерите од холдингот „Високопрецизни копмлекси“ заклучија дека денешните тенкови се сѐ позаштитени. Нивниот оклоп е составен од слоевити суперцврсти материјали кои имаат дополнителна динамична заштита против тандем-кумулативните проектили. Покрај тоа, во последно време сме сведоци на сѐ поголем напредок во развојот на системи за активна заштита на тенкот кои можат да елиминираат, односно пресретнат сѐ поголем број на стандардни ракети и гранати истрелани од тенковски топови. Значи, земајќи ги  предвид сите овие елементи, инженерите на холдингот „Високопрецизни комплекси“ се впуштија во значително усовршување на противтенковски ракетни системи, што ќе отвори пат за создавање на практично нова генерација на ова оружје.

Холдингот „Високопрецизни комплекси“ во својата палета на производи главно поседува средства за противвоздушна одбрана со краток дострел, како што се хибридниот ракетно-топовски систем „Панцир“ и најновиот „Сосна“. Покрај тоа, тука се наоѓаат и модификации на ракетниот систем „Стрела-10“, артилериско-ракетни системи за ПВО за заштита на бродови како што се  Палма“, „Каштан“ и АК-630М-2 „Дует“. Холдингот успешно произведува и високософистицирани електронски компоненти за овие системи како што се набљудувачки и нишански радари, оптоелектронска опрема и сл. Во својот асортиман има и врвни снајперски пушки, автомати, пиштоли, ракетни фрлачи...

Од стандардното противтенковско оружје, најпознат е системот „Корнет“, кој исто така е производ на овој холдинг. Неодамна инженерите на оваа компанија се пофалија дека за противтенковскиот ракетен систем „Корнет“ развиле ракета која може на 10000 метри да пробие плоча од хомоген челик со дебелина поголема од еден метар, а која е заштитена со слој на динамична заштита.

Прочитајте повеќе: Најновиот противвоздушен систем „Сосна“ наскоро пристигнува во руската војска

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња