На Меѓународниот саем на автомобили во Москва, директорот на компанијата „АТС Авто“ Алексеј Сучков најави за идната година почеток на производство на модифицирани возила Lada Largus на бензин и гас.
Треба да се каже дека компанијата ГК АТС се занимава со опремување на нови модели на „Лада“ со гасни резервоари. Сучков рече дека возилото во моментов се наоѓа во финалната фаза на испитувања.
Првите пробни возила на метан Lada Largus организаторите на релито „Патот на свилата 2018“ ги користеа како техничка поддршка на натпреварувањето. Како и борбената „Нива“ на метан, и овој модел на АвтоВАЗ се покажа како многу сигурен и економичен автомобил.
Возилото на најголемиот руски производител на автомобили Lada Largus CNG го движи мотор кој развива преку 100 КС. Непосредно по стартувањето на сериското производство на модификацијата на бензин и метан групата компании „Алтернативни системи на гориво“ (Альтернативные Топливные Системы) планира да започне производство на семејството Lada Granta на метан.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче