Lada Largus се префрла на гас

Lada Largus

Lada Largus

АвтоВАЗ
Lada Largus ќе биде вториот сериски модел на фабриката АвтоВАЗ кој покрај бензин ќе може да оди и на гас.

Lada Largus ќе се појави во продажба во 2018 година. Ова производителот го соопшти на конференцијата за новинарите во Казањ, соопштува „Авторевју“.

Со преуредување на автомобилот Largus ќе се занимава Групата компании АТС, која го прави седанот LadaVesta со мотори на бензин и метан. На конференцијата беше прикажан прототип на моделот Largus прилагоден да работи на гас кој го користи споменатата компанија. Во неговиот багажник е поставен резервоарот за гас веднаш зад задното седиште и е покриен со пластична заштита.

Mоторот Renault К4М е опремен со уредот за гас OMVL Gemini од италијанско производство.

Покрај караванот со пет седишта, на метан ќе премине и фургонот на Largus. Почетокот на производството и продажбата се очекуваат во вториот квартал на 2018 година.

Lada Vesta на гас веќе се продава по почетна цена од 600900 рубли (повеќе од 8800 евра), со мотор од 1,6 кубици и механички менувач. Резервоарот за гас од 90 литри се наоѓа во багажникот. Автомобилот со полн резервоар може да помине повеќе од 1000 км, пишува порталот „Автовести“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња