Во службените документи што ги објави компанијата ОДК-УМПО („Уфимское моторостроительное производственное объединение“) се наведува дека нивниот турбомлазен мотор АЛ-41Ф-1С ќе биде интегрален дел на модернизираната верзија на рускиот повеќенаменски ловец Су-30СМ.
„Во рамките на реализацијата на инструкциите од страна на претседателот, а исто така и со цел унификација на моторите кои се испорачуваат заедно со авионот Су-35С во единиците на Воздушно-космичките сили на руската армија, корпорацијата „Иркут“ и компанијата „Сухој“ заедно со компанијата ОДК-УМПО постигнаа договор околу почетокот на опитно-конструкторската работа на модернизацијата на авионот Су-30СМ кој ќе го движи мотор АЛ-41Ф-1С“, пренесува информативната редакција на РГ.
Меѓу успесите постигнати од 2017 година секако е почетокот на техничкото испитување на тнр. „мотор од втората етапа“ кој е специјално проектиран за „невидливиот“ руски ловец од петта генерација Су-57. На почетокот на овој авиони беа интегрирани мотори Ал-41Ф-1, кои во меѓувреме станаа составен дел на погонската група за рускиот повеќенаменски суперманеварбилен ловец од генерацијата 4++ Су-35С.
Високотемпературниот двопроточен турбомлазен мотор АЛ-41Ф првично беше проектиран за МиГ-1.44, кој уште во времето на СССР го сметаа за прв авион од петта генерација. По колапсот на СССР, а со самото тоа и на овој проект, новиот мотор развиен за овој авион ги имаше сите карактеристики на мотор за 21 век. По маса беше лесен, економичен, му дозволуваше на авионот да достигне надзвучна брзина на летање без моторот да влезе во режим на дополнително согорување „форсаж“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче