С-400
Виталиј Невар/TASSНа брегот на Сирија приоѓаат два разурнувачи на САД – „Доналд Кук“ и „Портер“. На секој американски брод има од 56 до 96 крстосувачки ракети „Томахавк“ кои спаѓаат во групата најпрецизно и најсмртоносно оружје на современоста.
Морнаричките ракети со дострел до 2.500 километри можат да имаат боеви глави со различна јачина во зависност од задачата што ја вршат.
Да видиме како Русија може да се спротивстави на оружјето на американските разурнувачи.
„Комплексите за радиоелектронска борба на бојното поле имаат посебен приоритет. Тие во целост ја заслепуваат електрониката и навигацијата на која било ракета“. Вели за Russia Beyond-Македонија Виктор Мураховски, главен уредник на списанието „Арсенал Отечества“.
Пролетта 2014 година со „малите сили“ на радиоелектронската апаратура веќе беше заслепен „Доналд Кук“ кога заплови во руските територијални води на Црно море.
„Нашиот фронтовски бомбардер Су-24 изврши надлетување на разурнувачот. Под трупот висеше само контејнер со комплекс за радиоелектронска борба Хибини и електрониката на бродот целосно откажа. По овој инцидент целата посада бараше да биде ослободена од должност на овој брод“, рече експертот.
Вакви системи постојат на сите авиони и хеликоптери на руската морнарица, како и „посилни средства, како оној на авионот Ил-22ПП „Прорубшчик“.
Ил-22ПП
Алексеј Куденко/SputnikОвој авион може селективно да ја исклучува непријателската апаратура со помош на моќни сигнали за попречување, а исто така да поставува и „придушувачи“ на слични средства за радиоелектронска борба (РЕБ) што ги поседува противникот.
Освен тоа, околу рускиот воен аеродром Хмејмим се наоѓаат комплекси за радиоелектронска борба Красуха-4.
„Красуха“ овозможува блокада на практично сите радиосигнали во радиус од 300 километри. Таа може да ги оневозможи активностите на авионите од типот „Авакс“, на беспилотни летала, па дури и на шпионски сателити, а може и да ја блокира работата на практично сите непријателски средства за радиоелектронска борба. Од октомври 2015 година овој систем е поставен и на руската воздухопловна база Хмејмим во Сирија.
Главната сила на противракетната одбрана на Русија во Сирија се противвоздушните комплекси С-300 и С-400.
Овие машини пронаоѓаат цели оддалечени од 250 до 400 километри. А, ракетите С-300 и С-400 можат да соборат мети на оддалеченост од 150 до 250 километри. Објектите на непријателот ќе бидат соборени дури и ако се движат со брзина од 2.5 километри во секунда.
С-400 и С-300 на своите радари гледаат до 36 мети и можат истовремено да гаѓаат 12.
С-400
Станислав Красиљников/TASSТочните податоци за количеството руска воена техника и бројот на војниците се држат во тајност.
„Комплексите С-300 и С-400 околу базата Хмејмим ги поддржуваат противвоздушните артилериски системи Панцир-С1. Нивната задача е на помала оддалеченост да соборат ракети кои минале покрај С-300 и С-400“, вели за Russia Beyond-Македонија професорот на Академијата за воени науки Вадим Козјулин. Панцир-С1 уништува цели на оддалеченост од 10 до 15 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче